Евролига: Барса вторпат со ред славеше по продолжение

Кошаркарите на Барселона останаа стопроцентни и по заокружувањето на четвртокот коло на Евролигата во петокот вечерта, а интересно е што вторпат последователно до победата дојдоа по продолженијата.

Откако минатата коло во дополнителните пет минути на домашен паркет го совладаа Олимпијакос, овојпат на гости го добија Монако, кој првпат се појавува во Евролигата, со 85:81, иако беа пред пораз. Продолжението на Барса ѝ ги осигури Дејвиес кој со кош постигнат на две секудни пред крајот на регуларниот тек. Во продолжението Барселона постојано беше во предност, а финалниот удар го зададе Хигинс со реализацијата на двете слободни фрлања.

Брендон Дејвиес постигна 27 поени за Барса со 10 скокови и четири асистенции, додека Миротиќ додаде 14 коша со пет скока. Кај Монако уште еднаш најдобар играч беше Мај Џејмс со 16 коша, пет скокови и четири асистенции.

Сите четири победи ги има и Армани Милано кој во ова коло како домаќин беше подобар од актуелниот евроспки шампион Анадолу Ефес со 75:71. Италијасната екипа релативно лесно дојде до победата, а во последната четвртина дојде до опуштање кај нејзините играчи која гостите ја добија со плус 10 и го ублажија поразот,

Малколм Дилејни беше прв стрелец кај Армани со 16 коша со пет асистенции, додека Девон Хол додаде 13 поени. Василие Мициќ со 17 коша и пет асистенци, пак, беше најдобар кај Анадолу.

Во израмнетиот дуел од почетокот до крајот во Москва, ЦСКА сепак ја доби Црвена ѕвезда со 78:76 и ја впиша третата победа сезонава. За белграѓани, пак, ова беше вториот пораз.

Најмногу поени за ЦСКА постигна Вил Клибрун – 18 со четири скокови, но за гостите нерешлива енигма беше ветеранот Алексеј Швед кој впушта 16 поени со пет асистенции и четири скокови. Кај Ѕвезда се издвоија Нејт Волтерс со 16 поени и Огњен Кузмиќ со 14 поени со седум скокови.

ЕВРОЛИГА 4-то КОЛО

РЕЗУЛТАТИ ПЕТОК:

ЦСКА Москва – Црвена ѕвезда 78:76
Монако-Барселона 75:75, продолженија 81:85
Олимпијакос – Жалгирис 83:68
Армани – Анадолу Ефес 75:71
Реал Мадрид – Панатинаикос 88:65

РЕЗУЛТАТИ ЧЕТВРТОК:

Зенит – Баерн 79:71
Фенербахче – Уникс Казан 80:41
Асвел – Макаби 85:93
АЛБА Берлин – Басконија 76:80

ТАБЕЛА

1. Барселона 4 4 0 +40
2. Армани Милано 4 4 0 +39
3. Олимпијакос 4 3 1 +46
4. Реал Мадрид 4 3 1 +38
5. Асвел 4 3 1 +10
6. ЦСКА Москва 4 3 1 +6
7. Зенит 4 3 1 +5
8. Фенербахе 4 2 2 +25
9. Црвена ѕвезда 4 2 2 +18
10. Монако 4 2 2 +4
11. Макаби 4 2 2 -14
12. Басконија 4 2 2 -33
13.АЛБА Берлин 4 1 3 -26
14. Панатинаикос 4 1 3 -33
15.Уникс Казан 4 1 3 -37
16. Баерн Минхен 4 0 4 -20
17. Анадолу Ефес 4 0 4 -23
18. Жалгирис 4 0 4 -45