Евролига: Барселона поведе со 2-0, Фенербахче израмни со Олимпијакос

Кошаркарите на Барселона поведоа со 2-0 во победите против Жалгирис во четвртфиналето од плејофот во Евролигата, додека Фенербахче успеа да го израмни резултатот во победи против Олимпијакос на 1-1.

Во вториот натпревар, Барсеона на домашен паркет го совлада Жалгирис со 89:81 со 26 поени на Јан Весели и 22 асистенции на Никола Миротиќ, додека 20 поени на Игнас Браздеикис не му беа доволни на литванскиот великан.

Пласман на завршниот турнир, кој ќе се игра во Каунас од 19-ти до 21-ви мај, ќе оствари екипата која прва ќе стигне до три победи, а првата шанса за тоа ќе ја има Барселона во среда.

Фенербахче до победата во Пиреја од 82:78 стигна со одлична игра во четвртата четвртина, а најдобри во турскиот тим беа Карсен Едвардс со 16 и Џонатан Мотли и Најџел Хејс-Дејвис со по 15 прекини. На домашен терен Костас Слукас и Саша Везенков постигнаа по 18 коша. Следната седмица третиот и четвртиот натпревар на овие ривали ќе се играат во Истанбул.

Во преостанатите две четврт-финалиња, Партизан има предност од 2-0 во победи против Реал Мадрид, додека соодносот на дуелот помеѓу Монако и Макаби е 1-1.