Евролига: Барселона славeше во дербито со Реал

Кошаркарите на Барселона го совладаа пред своите гледачи водечкиот Реал Мадрид со 83:78 и на тој начин ја прекинаа тековната победничка серија на мадриѓаните во Евролигата од шест натпревари без пораз.

Барселона до победата ја предводеше Чехот Јан Весели со 27 поени, а стрелците на Реал ги предводеа Џанан Муса кој постигна 19 поени и Марио Хезоња со 16 поени. Муса и Хезоња беа и единствените кошаркари на Реал со двоцифрен број на поени.

Болоња Виртус победи како домаќин во дуелот со Баерн со 85:83. Грузиецот Торнике Шенгелија со 18 поени, Марко Белинели со 16 и Даниел Хакет со 15 поени беа најдобри во победничкиот тим.

По 18 кола, Реал Мадрид води со резултат 16-2. Втора е Болоња Виртус со 13-5, а трета Барселона со 12-6.