Евролига: ЦСКА го елиминираше домаќинот на финалниот турнир, Барса ќе игра мајсторка

Московска ЦСКА е третиот тим, по мадридски Реал Мадрид и истанбулски Фебербахче, кој избори пласман на финалниот турнир од Европлигата, откако го победија домаќинот на турнирот Басконија со 92:83 за 3-1 во серијата до три победи, додека Барселона го совлада Анадолу Ефес со 82:72 и избори петти меч.

Басконија не успеа на домашен терeн серијата да ја доведе до петтиот меч, иако на полувремето имаше предност од девет коша (48:39). По една минута ира во последната четвртина Басконија водеше со 76:72, но тогаш ЦСКА направи серија од 15:0 оставајќи го противникот без поен сѐ до 1,21 минути до крајот.

Нандо Де Коло со 27 коша беша најпрецезен кај ЦСКА, а Кори Хигинс додаде 19 поени. Стрелците кај Басконија ги предводепе Винсент Поирие со 21 бод.

Барселона благодарејќи на одличната трета четвртина (27:12) успеа да дојде до третата победа над Анадолу Ефес со 82:72 во својата „Палау Блауграна“, и го избори петтиот решавачки меч кој ќе се игра во Истанбул. Барса ја предводепе Кајл Курик со 19 коша, а гостите Шејн Ларкин со 20 поени. Дуелот ќе се игра во среда 1-ви мај во салата „Синан Ердем“ со почеток во 19,30 часот.

Победникот од мечот меѓу Барселона и Анадолу Ефес ќе игра против Фенербахче, а во второто полуфинале ќе се сретнат ЦСКА и Реал Мадрид. Завршниот турнир ќе се игра од 17-ти до 19-ти мај во градот Виторија-Гастејис.