Евролига: Фенербахче ја прекина победничката серија на Олимпијакос

Турскиот претставник во кошаркарската Евролига – Фенербахче, го совлада грчкиот Олимпијакос со 87:77 како гостин и со тоа ја прекина серијата од седум победи на тимот од Пиреја, кој по 23-то коло остана на врвот на табелата во Евролигата со скор од 16-7.

Тимот од Истанбул го предводеше Марко Гудуриќ со 21 поен, а Најџел Хејс-Дејвис постигна 14 поени. Еван Фурние постигна 21 поен за Олимпијакос, додека Саша Везенков го заврши натпреварот со 19 поени.

Фенербахче со петтата последователна победа во Евролигата стигна до скор од 15-7 и е на второто место.

Изненадувањето на вечерта го приреди францускиот тим Асвел кој пред своите гледачи ја совлада фаворизираната Барселона со 100:94. Тео Маледон со 18 поени и Андре Роберсон со 17 коша беа најдобри стрелци кај домашниот тим, додека Кевин Пантер постигна 19 поени за каталонскиот тим, а Џабари Паркер 18.

Асвел стигна до 14-то место со три победи во последните четири настапи во Евролигата, додека Барселона ја прекина серијата од четири победи и е на седмата позиција со скор 13-10.

Во германската пресметка во Берлин, Баерн ја совлада домашната Алба со 99:84, а веројатно најдобар играч на натпреварот беше Карсен Едвардс со 34 поени. Андреас Обст постигна 22 поени за гостите, погодувајќи шест „тројки“ од седум обиди. Најдобар играч на Алба беше Вил Мекдауел-Вајт со 18 поени.

Баерн е деветтопласиран со 13-10, а Алба го претрпе 14-от последователен пораз и е убедливо последна со 3-19.

Резултати Евролига – 23. коло

Одиграно во петок:
Алба – Баерн 84:99
Асвел – Барселона 100:94
Олимпијакос – Фенербахче 77:87

Одиграно во четврток:
Анадолу Ефес – ЕА7 Милан 110:66
Макаби Тел Авив – Црвена ѕвезда 85:73
Панатинаикос – Жалгирис 89:76
Виртус Болоња – Монако 80:86
Реал Мадрид – Басконија 90:89

Одиграно во среда:
Партизан – Париз 92:86

ТАБЕЛА

1. Олимпијакос 23 16 7
2. Фенербахче 22 15 7
3. Монако 23 14 9
4. Панатинаикос 23 14 9
5. Париз 22 13 9
6. Реал Мадрид 23 13 10
7. Барселона 23 13 10
8. Црвена ѕвезда 23 13 10
9. Баерн 23 13 10
10. Партизан 23 12 11
11. ЕА7 Милано 23 12 11
12. Анадолу Ефес 23 11 12
13. Жалгирис 23 11 12
14. Асвел 23 11 12
15. Басконија 23 9 14
16. Виртус Болоња 23 7 16
17. Макаби Тел Авив 23 6 17
18. Алба Берлин 23 3 19