Кошаркарите на Армани Милано славеа со 90:86 на гостувањето кај Барселона, нанесувајќи му го на домашниот тим четвртокот пораз сезонава во Евролигата.
Американецот Девон Хол со 21 кош беше најдобар стрелец во редовите на Милано, а 19 поени додаде Данецот Шавон Шилд. Кај Барселона најдобар стрелец беше Србинот Никола Калиниќ со 17 коша, додека Аргентинецот Николас Лапровитола додае 16 поени.
Барселона со соодносот на победи и порази 10-4 остана на второто место, три победи помалку зад водечкиот Реал Мадрид. Армани Милоно по 14-те кола е со скор 5-9 и на 15-то место во конкуренцијата од 18 клубови.
Во другите последни натпревара од 14-то коло, гостинска победа со 63:56 впиша и Валенсија кај Олимпијакос, а Фенербахче дома го совлада Монако со 86:74.
Фенербахче и Олимпијакос имат по 7 победи и порази и се на делба на 10-то место. Монако има 8-6 и е петти, а со истиот скор поради послабата кош-разлика Валенсија е седма на табелата.