Евролига: Минимален пораз на Ѕвезда, убедлив на Барселона

Кошаркарите на белградска Црвена ѕвезда на домашен терен претпрепа тесен пораз од Басконија во натпреварот од 22. коло на Евролигата со резултат 90:91.

Од самиот почеток на мечот можеше да се насети дека „црвено-белите“ се расположени, а во тоа преднишеше Јаго дос Сантош. Погоди „тројка“ од далечина, а потоа Џоел Боломбој постигна пет поени од кои три по убавото додавање на Лука Митровиќ за кош под прекршок, а Јаго продолжи со уште една „тројка“. Потоа за три поена погоди и Бранко Лазиќ за три, а Јаго ги доведе белграѓаните на водство од 16:8.

Во тие моменти Басконија се одржуваше со шутот за три поена, но одговор имаше и Ѕвезда – Лазиќ додаде уште три поена, па Давидовац а прецизен беше и Митровиќ од далечина – додуша стапна на линијата, па „црвено- белите“ го добија првата ќетвртина во своја полза 30:20.

Особено отскокнуваше Џавонте Смит, постигнувајќи четири поени веднаш по влегувањето во игра, од кои два со звукот на сирената. На тие два погодока им додаде уште пет во втората делница, еден со „леј-ап“ и со погодок за три поена, така што „црвено-белите“ во вториот период дојдоа до 52:40, но на полувремето разликата беше девет поени, бидејќи Вања Маринковиќ беше прецизен  за „тројка“ со звукот на сирената.

„Црвено-белите“ успеаја да го задржат Маркус Хауард на само шест поени во првото полувреме, но веќе во воведните минути од третата четврдина, сè тргна наопаку за Ѕвезда. Хауард или погодуваше „тројки“ или беше фаулиран кога шутираше за три поаена, и само во оваа делница постигна 17 поени.  На тоа се надоврзаа Вања Маринковиќ и Чима Монеке, па Басконија пред последните десет минути имаше предност од 69:62.

Басконија во еден момент успеа да дојде и до плус 10 (80:70), но Ѕвезда возврати, се доближи со добра одбрана, предводена од Јаго имаше шанса за пресврт, но во решавачкиот момент на 14 секунди до крајот промашувањето на Коди Милер-Мекинтајр од слободни фрлања го фати Монека, му донесе нов напад на својот тим, па Басконија го одби налетот и ја спречи Ѕвезда да дојде до продолжение.

Победничата екипа ја предводеше Хауард со 32 поени со 7 од 10 за три поена, а го следеше Вања Маринковиќ со 18 коша постигнати со остварување 5 од 9 за „тројка“, а за поразените Јаго постигна 26 коша. Ѕвезда по 22 кола има скопр 9-13, додека Басконија 12-10.

Кошаркарите на Анадолу Ефес забележаа убедлива победа на домашен терен совладувајќи ја Барселона со 98:74.

Барселона на тој начин беше поразена по седми пат во Евролигата, а четворица домашни кошаркари постигнаа 15 или повеќе поени. Првото име на Анадолу Ефес беше Родриг Бобоа со 21 поен, пет асистенции и три скока. Французинот стрелаше  4-5 за три поена и 4-4 за два поени. Тибор Плајс го заврши натпреварот со 17 поени и седум скока, Ден Отуру постигна 16, а Шејн Ларкин постигна 15 со осум асистенции.  Вили Ернангомез беше најдобар кај Барселона со 18 поени.

Баерн беше убедлив во германското дерби и во Берлин ја совлада Алба со 82:65. Хрватскиот центар Данко Бранковиќ одигра одличен натпревар за Баерн, постигнувајќи 14 поени со одличен процент на шут од поле 7-9 за 17 минути на паркетот, додавајќи девет скока и  две асистенции.

Како домаќин, Олимпијакос лесно го совлада Макаби со 89:72 со по 20 поени на Ајсија Канаан и Никола Милутинов, додека Виртус во Болоња одлично се снајде во последната четвртина, направи пресврт и го совлада Асвел со 73;63. Италијанскиот тим ги доби последните десет минути со 28-9. Прв стрелец на Виртус беше Даниел Хакет со 19 поени.

Со натпревар помалку, Реал Мадрид води во поредокот со скор 19-2. Следуваат Виртус Болоња и Барселона со 15-7, а Панатинаикос и Фенербахче имаат по 13 победи и осум порази.