Кошаркарите на Монако го совладаа Фенербахче со 93:88, а Барселона го совлада Олимпијакос со 77:69, па двата победнички тима израмнија на 1:1 во плејоф серијата за пласман на завршниот турнир на четирите најдобри екипи сезонава во Евролигата.
Џабари Паркер ја предводеше Барселона до победата во „Блауграна“ со 24 поени, а Вили Ернангомез постигна 11 од нив. Американецот Алек Питерс со 20 поени ги предводеше стрелците кај Олимпијакос.
Серијата се сели во Пиреја за следните два натпревара, а тимот којшто прв ќе оствари три победи ќе оди на фајналфорот.
Со пресврт во последната четвртина, Монако ја надополни негативата од девет поени од третата делница од мечот против Фенербахче, а Литванецот Донатас Мотијејунас беше најдобар стрелец кај тимот на Кнежевството со 18 поени. Џордан Лојд постигна 15 поени за Монако. Турскиот тим го предводеа Тајлер Дорси со 25 поени и Скоти Вилбекин со 23 поени.
Следните два натпревари ќе се играат во Истанбул.
Реал Мадрид, бранителот на титулата, е единствениот тим кој успеа да оствари втора домашна победа против Баскоња. Панатинаикос и Макаби Тел Авив се израмнети и пред двата натпревари во Белград, каде Макаби ги игра натпреварите во кои формално е домаќин.