Евролига: Партизан победи кај Ефес, Олимпијакос и Валенсија до славје во последната секунда

Белградски Партизан го совлада Анадолу Ефес како гостин со 97:84 во четвртокот вечерта во натпреварот од 29-то коло на кошаркарската Евролига одигран во четвртокот во Истанбул.

Шампионот во последните две изданија на ова натпреварување одлично го отвори натпреварот и поведе со 23:6, но избраниците на Жељко Обрадовиќ во следните шест минути направија серија од 18:2 и дојдоа во само еден кош заостанување, а полувремето го завршија со водство од два поени (39:37. Андаолу Ефес во последните осум минути замина со три поени предност (70:67), а потоа Партизан за четири ипол минути направи серија од 20:2 и оствари вредна победа.

Кевин Пантер постигна 19 поени за победниците, Матијас Лесорт 17, а Зек Ледеј и Џејмс Нанали постигнаа по 16 коша. Вил Клибурн ги предводеше стрелците на Ефес со 22 поени.

Водечкиот Олимпијакос победи тесно со 74:72 на гостувањето кај Жалгирис, а Саша Везенков го постигна победничкиот кош на шест секунди пред крајот.

Везенков постигна 25 поени со осум скока, а најдобар стрелец кај тимот од Каунас беше Летонецот Роландс Смитс со 18 поени.

Кошаркарите на Реал Мадрид мораа да се помачат пред своите навивачи за да го совладаат Армани Милано со 91:87 во неизвесна завршница. Повторно најголема заслуга за победата имаше Џанан Муса, кој постигна 27 поени, а Валтер Таварес го следеше со 17. Стрелците на италијанскиот тим ги предводеше Шабаз Напиер со 17 поени, додека Николо Мели постигна 16.

Завршницата беше драматична и во Валенсија, каде истоимената домашна екипа го совлада турски Фенербахче со 82:80. Прво на 11 секунди до крајот Марко Гудуриќ со „тројка“ од девет метри израмни на 80:80, а на 0,4 секунди до крајот Џејмс Веб Трети успеа да ја протне топката низ обрачот за победа на Валенсија, откако Џаред Харпер промаши положување.

Бојан Дубљевиќ беше најдобар стрелец кај домашните со 18 поени, а Гудуриќ постигна 23 за Фенер.

Евролига – 29-то коло

Анадолу Ефес – Партизан 84:97
Монако – Виртус Болоња 81:68
Жалгирис – Олимпијакос 72:74
Макаби ТА – Басконија 93:79
Валенсија – Фенербахче 82:80
Реал Мадрид – Армани Милано 91:87
Асвел – Панатинаикос 82:86

Во петок на распоредот се дуелите Баерн – Алба Берлин (20.30 часот) и Барселона – Црвена ѕвезда (20.30 часот).

ТАБЕЛА

1. Олимпијакос 29 21 8 2455-2195 50
2. Реал Мадрид 29 20 9 2436-2255 49
3. Монако 29 19 10 2402-2335 48
4. Барселона 28 18 10 2228-2136 46
5. Фенербахче 28 17 11 2335-2237 45
6. Партизан 29 16 13 2432-2362 45
7. Макаби Тел Авив 29 16 13 2393-2376 45
8. Басконија 29 15 14 2473-2420 44
9. Жалгирис 29 15 14 2187-2248 44
10. Анадолу Ефес 29 14 15 2359-2330 43
11. Валенсија 29 14 15 2380-2461 43
12. Виртус Болоња 29 13 16 2261-2345 42
13. Црвена звезда 28 12 16 2104-2174 40
14. Армани Милано 28 12 16 2050-2123 40
15. Баерн 28 11 17 2152-2232 39
16. Панатинаикос 29 10 19 2251-2357 39
17. Асвел 29 8 21 2174-2337 37
18. Алба Берлин 28 7 21 2214-2363 35