![Partizan v AS Monaco, Euroleague basketball, regular season, round 12](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2023/12/1701805344-partizan-monako-459.jpg?resize=696%2C435&ssl=1)
Кошаркарите на Партизан го победија Монако со 89:85 на домашен паркет по продолжението во 12-то коло од Еверлигата, додека водечкиот Реал Мадрид со победата кај Олимпијакост и натаму ја држи водечката позиција на табелата.
Натпреварот во Белград изобилуваше со пресврти, „црно-белите“ водеа со плус 8 во четвртата делница, но Монако понесен со две чудесни „тројки“ на Мајк Џејмс во самиот финишт успеа да се избори за продолженија. Во дополнителното време Партизан поведоа, гостите двапати направија пресврт, но Партизан на крајот го прекрши натпреварот во своја полза.
Најефикасен во дресот на Партизан беше Кевин Пантер со 25 поени, додека Џејмс Нанали впиша 23 коша со пет скока. Двајцата имаа голема помош од ПиЏеј Даузер со 15 поени, пет скока, седум асистенции, како и од Бруно Кабокл со 13 поени и шест скока.
Кај Монако најдобар беше Донатас Мотијунас со 23 поени, а Мајк Џејмс имаше 16 со по осум скока и асистенции.
Партизан дојде до сооднос 6-6 и моментално е на 10-та позиција, две под осумте места кои водат во завршницата, додека Монако падна на четвртото место со сооднос 7-5.
Кошаркарите на Реал Мадрид забележаа нова победа во Евролигата, го совладаа Олимпијакос со 77:71 на гостувањето во Пиреја. Хрватскиот репрезентативец Марио Хезоња беше еден од најдобрите играчи на Реал, кој ја забележа единаесеттата победа. Хезоња за 29 минути на паркетот постигна 18 поени на кои додаде 10 скока, една блокада и две загубени топки.
Прв стрелец на Реал беше Џанан Муса кој постигна 23 поени, додека кај домаќините најдобар беше Томас Вокуп со 17 поени, четири асистенции и три скока.
Реал е на врвот на табелата со скор 11-1, а Олимпијакост падна на деветтото место со сооднос 6-6. На второто место со натпревар помалку Барселона има 9-2, а Болоња Виртус со 7-4 е третопласирана
Евролига, 12. коло:
Анадолу Ефес – Панатинаикос 71:68
АЛБА Берлин – Жалгирис 64:62
Олимпијакос – Реал Мадрид 71:77
Партизан – Монако 89-85 (продолжение)
Баерн – Олимпија Милано 91:84 (продолжение)
MIKE JAMES FOR THE OVERTIME #EuroLeague pic.twitter.com/5UGzqIJZcX
— Eurohoops (@Eurohoopsnet) December 5, 2023