Кошаркарите на Партизан ја победија Алба во деветтото коло од Евролигата со 89:74, пред своите гледачи во белградската „Арена“. „Црно-белите“ со мака славеа во меч во кој загуби полошиот тим, повеќе отколку подобриот, бидејќи Алба самате се нудеше да биде поразена.
Избраниците на Жељко Обрадовиќ го прекршија мечот во третата четвртина, кога проработи Зек Ледеј понесен од навивачите во белградската Арена. Навивачите ги активираше прекинот на мечот и „челенџот“ што го побара гостинскиот тренер Исраел Гонзалес, а по тој прекин тимот на Обрадовиќ почна со уфрлање „тројки“кои недостасуваа во нападот.
Партизан потоа се одлепи на двоцифрена предност, а во меч во кој дури шест поени беа значајна предност за која и да е од екипите, плус 13 поени беше огромна предност.
Српскиот клуб затоа ја забележа четвртата победа во девет натпревари и со пет порази повторно е поблиску до зоната која води во плеј-офот на крајот од регуларниот дел од сезоната. Победата е особено важна поради самодовербата на Данило Аѓдушиќ, кој беше многу важен шраф во победата заедно со Ледеј, како и поради претходниот пораз на Партизан од Баерн Минхен во Германија.
Најефикасен кај победниците беше Алекса Аврамовиќ со 20 поени, Аѓдушиќ постигна 16, Џејмс Нанели и Зек Ледеј по 14, а Френк Камински впиша девет поени. На другата страна Јоханес Тиман постигна 21 поен, Тим Шнајдер 12, а Луис Олинде десет.
Жељко Обрадовиќ имаше проблем на стартот, бидејќи не можеше да смета на Ален Смаилагиќ, а силата во рекетот се обиде да ја зголеми со воведување на Тристан Вукчевиќ и Бруно Кабокло. „Црно-белите“ имаа предност од 12:8 по „тројката“ на Џејмс Нанели, а истата брзо беше анулирана со „тројките“ на Стерлинг Браун и Луис Олинде.
Впечатокот дополнително го расипа тоа што Алба подари дури пет топки во првите десет минути, а сепак беше во серија 12:2 и поведе 20:14 по кошевите на Јани Вечел.
Алекса Аврамовиќ постигна четири поени и ја намали негативата на Партизан на два поени по десет минути, додека Кумаѓе имаше индекс 17 бидејќи забележа дури осум скока.
Од почетокот на втората четвртина Аврамовиќ покажа дека низата од крајот на првата не е случајност. Еден продор и кош, друг со фаул беше сигнал за тренерот на гостите да го смени чуварот на бекот на „црно-белите“. Аврамовиќ за четири ипол минути постигна девет поени и почна да го влече својот тим нешто слично како Камински во првите минути.
Аврамовиќ промаши отворена „тројка“ на контра за плус пет, но Аѓдушиќ и Доужер се фрлија на подот за да ја украдат топката кога домашните водеа со 28:26. Таа предност Доужер ја зголеми на четири поени, а играта малку се отвори кога и Матеуш Понитка почна да игра во одбрана.
Но тоа не беше крајот на маките на Партизан, па Стерлинг Браун одговори со „тројка“ на поентирањето на Нанели, а потоа Олинде и Тиман ја доведоа Алба од негатива од шест поени на негатива од еден поен, 39:38 на минута пред полувремето.
До крајот одбраната на Партизан го изнервира својот тренер Обрадовиќ, а Алба му „дишеше во врат“ на противникот со 43:40. Лошата одбрана беше пренесена од првата во почетните минути од вториот дел, па Жига Самар лесно ја пошрави грешката во првиот обид за 45:44. На другата страна Доужер го промаши целиот кош, а Јарамаз и Анѓушиќ не делуваа ниту најсигурно, ниту најкреативно во организацијата на акциите. Затоа во првите четири минути единствениот кош на Партизан беше погодокот на Ледеј од офанзивна одбиена топка. Тој изникна и ја смести топката во обрачот, додека Тиман ги сврте работите во полза на Алба за 46:45.
Алба продолжи да го напаѓа Партизан со лоши напади, а паузата која ја повика тренерот на гостите со својот „челенџ“ ги распали навивачите. Започна пеколното скандирање , што го разгоропади Зек Ледеј. Не му требаше многу на Ледеј да изнуди прекршок, а потоа да постигне „тројка“, по што набрзо следеше погодок на Доужер за првата двоцифрена предност 62:52, на неполни две минути до крајот на третиот период.
Анѓушиќ упати удар за „тројка“ за +13, но и Шнајдер врати со три поена на крајот од третата четвртина за 65:55. Ледеј продолжи да брилјира и на стартот на четвртата делница, па фати важен скок во нападот од кој дојдоа поените на Кабокло, додека Доужер му асистираше на Нанели да му донесе на Партизан поудобни +13 и водство 74:61.
Потоа работите тргнаа многу полесно, а Анѓушиќ имаше одговор на тоа што Тиман погоди во последните минути и Партизан забележа победа над „фенерџијата“ во Евролигата.
Кошаркарите на Барселона во „Блауграна“ ја совлада Валенсија со 74;70 и на тој начин го задржа приклучокот со водечкиот и непоразен Реал Мадрид, зад кој заостануваат за две победи по деветте кола во Евролигата.
Жалгирис во тензична завршница го совлада Баерн со 74:73, благодарение на кошот на Кинан Еванс на 11 секунди до крајот. Роландс Шмитс ги предводеше победниците со 16 поени, а кај Баварците најдобар беше Серж Ибака со 20 поени и седум скока.
Панатинаикос беше подобар од Болоња Виртус со 90:76, со што на Италијанците им го нанесе третиот пораз во новата сезона.
Реал води со 8-0, пред Барселона со 7-2 и Виртус со 6-3. Следуваат седум екипи со пет победи, предводени од Макаби од Тел Авив, кој има натпревар помалку (5-3).
Евролига – 9. коло, одиграно во петок:
Жалгирис Каунас – Баерн 74:73
Асвел – Басконија 81:88
Панатинаикос – Виртус Болоња 90:76
Барселона – Валенсија 74:70
Партизан – Алба Берлин 89:74
Одиграно во четврток:
Макаби Тел Авив – Фенербахче 78:73
Олимпијакос – Црвена ѕвезда 88:83
Армани Милано – Анадолу Ефес 92:76
Реал Мадрид – Монако 91:73
Табела
1. Реал Мадрид 8 8 0 695-591
2. Барселона 9 7 2 733-666
3. Виртус Болоња 9 6 3 750-730
4. Макаби Тел Авив 8 5 3 656-667
5. Панатинаикос 9 5 4 722-693
6. Монако 9 5 4 706-699
7. Олимпијакос 9 5 4 673-669
8. Фенербахче 9 5 4 702-702
9. Валенсија 9 5 4 656-658
10. Басконија 9 5 4 740-744
11. Партизан 9 4 5 767-757
12. Жалгирис 9 4 5 718-726
13. Анадолу Ефес 9 4 5 697-767
14. Црвена звезда 9 3 6 734-705
15. Армани Милано 9 3 6 704-686
16. Баерн 9 3 6 678-714
17. Асвел 9 2 7 704-783
18. Алба Берлин 9 1 8 688-766