Евролига: Победа на Ефес во Пиреа

Кошаркарите на турски Анадолу Ефес славеа со 84:79 на гостувањето кај грчки Олимпијакос во натпреварот од шестото коло на Евролигата.

Турскиот тим до победата ги водеше Василие Мициќ со 20 кошеви, додека по 15 постигна Шејн Ларкин и Родригу Беобоа.

Химки како домаќин ја победи Црвен ѕвезда со 83:77, а во шпанската пресметка во неизвесната завршница славеше Барселона со 72:71 на гостувањето кај Басконија.

Барселона и Жалгирис се водечки во Евролигата со по пет победи и еден пораз, а трет е Баерн со четири победи и два пораза.