
Во последните два натпревара од 20. коло на кошаркарската Евролига одиграни доцна во средата, победија домашните екипи – Барселона го совлада Олимпијакос со 86:78, а Макаби како домаќин во Белград беше подобар од Болоња Виртус со 95:78.
Марко Белинели постигна 24 поени за Виртус. Вејд Болдвин го предводеше израелскиот тим со 22 поени, осум асистенции и пет скока.
Џабари Паркер беше најдобар стрелец на Барселона со 21 поен во победата над Олимпијакос, за кој Алек Петерс постигна 22 поени.
Водечкиот Реал Мадрид има учинок 18-2, а најблиску следат Барселона и Виртус со учинок 14-6. Панатинаикос, Фенербахче и Макаби Тел Авив имаат 12 победи и осум порази.
Во четврток се закажани првите четири натпревари од 21. коло, а ќе се сретнат: Фенербахче – Баерн, Панатинаикос – Монако, Армани Милано – Црвена ѕвезда и Реал Мадрид – Валенсија.