Во синоќешниот меч од 15-то коло на корпаркарската Евролига, Анадолу Ефес во Истанбул беше поразен од Армани Милано со 69:72
Италијанскиот тим го предводеше Кевин Пaнтeр со 18 коша, додака турскиот првак својот лидер ги имаше во Ваисилије Мициќ кој постигна 20 поени и впиша осум скокови.
За Ефес ова беше осмиот пораз сезонава, додека Армани ја забележа деветтата победа.
Во другите два натпревара одиграни во четвртокто Панаттинаикос и Жалгирис остварија убедливи победи.
Панатинаикос во Атина ја порази берлинска Алба со 92:69, а до петтата победа го оведа Јоанис Папапетру со 22 коша, 4 асистенции и 4 скокови, додека Хауард Сент-Руз и Немања Недовиќ постигнаа по 13 поени. Во германскиот тим најефикасние беа Нилс Гифеј со 13 и Пејтон Сива со 11 поени.
Алба има сооднос од шест победи и осум порази, додека Панатинаикос има пет победи идевет порази.
Жалгирис во Каунас го декласираше Фенербахче со 99:62, и притоа пет негови играчи забележаа двоцифрена бројка погодоци. Најефикасен беше Огестин Рубит со 18 коша и 6 скокови. Во турската екипа најдобар беше Нандо де Коло со 14 поени и 6 скокови.
Ова беше осма победа на Жалгирис и десетти пораз на Фенербахче во изминатите 15 кола. На табелата водат Барселона и ЦСКА со сооднос од 11 победи и три пораза.