Евролига: Последната секунда го реши дербито меѓу Паризан и Ѕвезда

Кошаркарите на Партизан го пречекаа „вечниот“ ривал Црвена ѕвезда во 24. коло од Евролигата, а драматичниот меч беше решен дури во последната секунда, кога Немања Недовиќ имаше три слободни фрлања кои на „црвено-белите“ им ја донесоа победата од 73:71.

Се играше многу непостојано на двете страни, ниту една екипа не можеше да се резултатски да се одлепи на повеќе од пет разлика. Во првото полувреме, Црвена ѕвезда беше во предност постигнувајќи лесни поени, а нервозниот почеток на натпреварот доведе до тоа двете екипи да загубат по четири топки за пет минути игра.

„Црвено-белите“ можеа да бидат позадоволни бидејќи го спречија протокот на топката во нападот на Партизан и создавање позиции за нивните главни играчи Карлик Џонс и Стерлинг Браун, како и отворени шутеви од дистанца на други играчи. Центрите на Ѕвезда, пак, наметнаа предност под кошот на ривалот, Џоел Боломбој постигна девет поени, а Филип Петрушев додаде осум.

Предводници на Партизан по 20 минути игра беа Стерлинг Браун со осум поени и Брендон Дејвис со поен помалку. Но по првото поилувреме Жељко Обрадовиќ имаше голем поблем, Тајрик Џонс веќе имаше четири фаулиа а Стерлинг Браун три.

Предноста на Партизан беше во офанзивните скокови, имаше седум, додека ривалот три. Од друга страна, тимот на Јанис Сферопулос имаше 14 скока во одбраната, додека домаќинот имаше само осум. Бројот на скокови во позла на Ѕвезда дојде и поради тоа што Партизан погоди само 16 од 35 шута од поле наспроти 14 од 26 на Црвена ѕвезда.

Во третата четвртина Партизан имаше негатива од максимални шест поени, а Карлик Џонс беше вистински лидер на домашната екипа, погодувајќи две „тројки“, учествувајќи и во нападот и во одбраната а „црно-белите“ се вратија во мечот и повторно го преземаа водство. Но на крајот последните поени Коди Милер Мекентајр во оваа делница доведе до резултат 55:53 пред решавачката четвртина.

Петрушев и Јаго дос Сантос ја предводеа Ѕвезда, додека кај Партизан на почетокот од последниот период расположен беше само Карлик Џонс, што на гостите им донесе предност од шест поени на шест минути до крајот… Враќањето во игра на Тајрик Џонс ја врати енергијата кај домашните. Тој реализираше жестоко забивање а потоа „тројката“ на Исак Бонга го врати Партизан на „нула“ (68:68). Серијата на „црно-пбелите“ ја прекина Калиниќ, кој погоди по добро одигратната одбрана. Се чинеше дека мечот оди во продолженија, Ѕвезда го позиционираше нападот за шут од дистанца за Немања Недовиќ во последната секунда, а Стерлинг Браун невнимателно влезе во неговиот скок доволно за три слободни фрлања. Недовиќ ги реализираше првите две а третото фрлање намерно го промаши за да истече преостанатата секунда и Ѕвезда оствари важна победа по дебаклот со Макаби и ги врати шансите за директен пласман во плејофот.

Претходно во 24. коло од Евролигата, кошаркарите на Реал Мадрид загубија на гостувањето кај Монако со 73:77, а хрватскиот кошаркар Марио Хезоња беше исклучен од гостинскиот тим поради две технички грешки шест минути пред крај на натпреварот. Дотогаш Хезоња беше најдобриот играч во редовите на „Кралскиот клуб“ со 15 поени и осум скока, но неговото однесување го ослаби неговиот тим во решавачките минути од дуелот.

Имено, при водство на домашните со 65:60, Хезоња мораше предвреме да оди во соблекувалната бидејќи заработи две технички грешки. Судијката Ен Пантер го замолила да ги покаже рацете затоа што бил крвав, што би го принудило да седне на клупата. Притоа тој ја „почести“ судијката за што доби техничка грешка. Неколку моменти подоцна Хезоња доби втора техничка грешка, по што збесна па соиграчите мораа да го смират и да го изведат надвор од салата.

Монако до победата го предводеа Метју Стразел со 13 поени и Ник Калатес со 12 поени и 10 асистенции. За Реал, Серхио Љул додаде 12 поени, а Андреас Фелиз 11 поени.

РЕЗУЛТАТИ

Во петок:
Фенербахче – Виртус Болоња 95:81
Монако – Реал Мадрид 77:73
Олимпијакос – Анадолу Ефес 92:89
Партизан – Црвена ѕвезда 71:73
Во четврток:
Жалгирис – Баерн Минхен 82:97
Макаби Тел Авив – Алба Берлин 87:93
Басконија – Барселона 88:86
Олимпија Милано – Панатинаикос 87:75
Париз – Асвел Вилербан 91:82

ТАБЕЛА

1. Олимпијакос 24 17 7
2. Фенербахче 23 16 7
3. Монако 24 15 9
4. Париз 23 14 9
5. Панатинаикос 24 14 10
6. Црвена ѕвезда 24 14 10
7. Баерн Минхен 24 14 10
8. Реал Мадрид 24 13 11
9. Барселона 24 13 11
10. Армани Милано 24 13 11
11. Партизан 24 12 12
12. Анадолу Ефес 24 11 13
13. Жалгирис 24 11 13
14. Асвел Вилербан 24 11 13
15. Басконија 24 10 14
16. Виртус Болоња 24 7 17
17. Макаби Тел Авив 24 6 19
18. Алба Берлин 24 4 19