Евролига: Први победи на Барселона, Олимпијакос и Армани

Евролига: Први победи на Барселона, Олимпијакос и Армани

Кошаркарите на Барселона ја постигнаа првата победа во новата сезона во Евролигата, совладувајќи ја берлинската Алба со 88:73 пред своите навивачи во Блауграна.

Дарио Бризуела со 18 поени и Кевин Пантер со 14 поени беа најдобри стрелци на Барселона, додека стрелците на Алба ги предводеа Мартин Хермансон со 13 поени и Вилијам Мекдауел-Вајт со 12 поени.

Милански Армани, исто така, стаса до првата победа, негативата од осум поени (63:71) ја претвори во триумф од пет поени (79:74) на крајот од дуелот со Париз.

Кај победниците Никола Миротиќ постигна 14 поени, а Шевон Шилдс 12, додека кај парижаните македонскиот репрезентативец ТиЏеј Шортс постигна 11 поени.

Олимпијакос го совлада Жалгирис со 74:68 во „Салата на мирот и пријателството“ во Пиреја, што е прва победа за грчкиот тим во новата сезона. Кај победниците Еван Фурние постигна 14 поени, а Александар Везенков имаше 11 поени и девет скока. Во литванскиот тим најдобар беше Деивидас Сирвидис со 16 поени.

Во наредната седмица евролигашите ќе имаат двојна програма, па така во вторник и среда ќе ги одиграат натпреварите од третото коло, а во четврток и петок на распоредот ќе бидат дуелите од четвртото коло.

Евролига – 2. коло
Олимпијакос – Жалгирис 74:68
Барселона – Алба Берлин 88:73
Армани Милано – Париз 79:74

Одиграно во среда и четврток:
Анадолу Ефес – Фенербахче 78:83
Асвел – Виртус Болоња 87:85
Панатинаикос – Баерн 94:79
Реал Мадрид – Партизан 93:86
Црвена ѕвезда – Басконија 78:71
Монако – Макаби Тел Авив 85:79

Скала:

  1. Панатинаикос 2 2 0 181-156
  2. Монако 2 2 0 178-159
  3. Фенербахче 2 2 0 165-149
  4. Црвена ѕвезда 2 2 0 158-148
  5. Барселона 2 1 1 155-147
  6. Анадолу Ефес 2 1 1 154-150
  7. Макаби Тел Авив 2 1 1 168-167
  8. Жалгирис Каунас 2 1 0 142-141
  9. Реал Мадрид 2 1 1 182-183
  10. Басконија 2 1 1 159-160
  11. Асвел 2 1 1 169-174
  12. Баерн Минхен 2 1 1 176-183
  13. Армани Милано 2 1 1 159-167
  14. Олимпијакос 2 1 1 145-150
  15. Париз 2 0 2 151-159
  16. Виртус Болоња 2 0 2 152-163
  17. Партизан 2 0 2 168-181
  18. Алба Берлин 2 0 2 150-175