Евролига: Реал и натаму максимален

Реал Мадрид беше убедлив во победата против Алба Берлин со 99:75, по што „кралскиот клуб“ продолжува да води на табелата на Евролигата со максимален учинок од девет победи.

Тоа беше деветта последователна победа на Реал со еден одложен натпревар против израелски Макаби Тел Авив.

Актуелниот европски првак до победата го предводеше хрватскиот кошаркар Марио Хезоња со 26 поени, погодувајќи пет „тројки“ од шест обиди, додаде четири скока и асистенција. Џанан Муса додаде 11 поени и четири скока, додека Валтер Таварес 11 поени и шест скока.

Габриеле Процида со 14 и Јоханес Тиман со 12 поени беа најефикасни во редовите на германскиот тим кој го претрпе деветтиот пораз.

Успешна беше и Барселона која на гостувањето во Белград го совлада Макаби Тел Авив со 92:90. Николас Лапровитола со 23 и Алекс Абринес со 16 поени беа најефикасни во победничките редови, додека кај Макаби најефикасни беа Вејд Болдвин со 19 и Џош Небо со 13 поени.

Баерн Минхен го победи Асвел со 101:100 во одличен натпревар по две продолженија. Кај гостите најефикасни беа Девин Букер со 16 поени и 11 скока и Леандро Болмаро со 16 поени и осум асистенции. Асвел го предводеа Мајк Скот и Жофри Ловерњ со по 21 поен.