Кошаркарите на Реал Мадрид, бранителот на титулата во Евролигата, сѐ уште не знаат за пораз во новата сезона, а во рамките на седмото коло во четвртокот доцна вечерта убедливо ја совладаа Болоња Виртус со 100:74.
Анадолу Ефес по продолжение пред своите гледачи го совлада Жалгирис со 86:82.
Партизан во белградска арена тесно го совлада Фенербахче со 85:84. Победата на Жељко Обрадовиќ против својот ученик и долгогодишен асистент Димитрис Итудис ја донесе Данило Анѓушиќ со реализацијата на двете слободни фрлања за 85:82 на 11 секунди до крајот. Вилбекин ги погоди и двете фрлања за 85:84, а гостите дури добија и шут за победа, но Тајлер Дорси промаши „тројка“ во последната секунда.
Макаби беше домаќин на натпреварот против Баерн во белградската сала „Александар Николиќ“. Израелскиот тим го победи Баерн Минхен со 93:90 и има 4-2 со натпревар помалку.
Реал е на врвот со учинок од 6-0, пред Барселона (5-1), Фенербахче (5-2), Виртус (5-2) и Валенсија (5-2).
Евролига – 7. коло
Олимпијакос – Басконија Виторија 74:75
Анадолу Ефес – Жалгирис Каунас 86:82 (продолжение)
Макаби Тел Авив – Баерн Минхен 93:90
Армани Милано – Валенсија 83:52
Партизан – Фенербахче 85:84
Реал Мадрид – Виртус Болоња 100:74
Во петок ќе играат:
Барселона – Црвена ѕвезда
Монако – Асвел-Вилурбан
Алба Берлин – Панатинаикос
Табела:
1. Реал Мадрид 6 6 0 528-445
2. Барселона 6 5 1 502-421
3. Фенербахче 7 5 2 573-537
4. Виртус Болоња 7 5 2 588-561
5. Валенсија 7 5 2 513-508
6. Монако 6 4 2 471-449
7. Макаби Тел Авив 6 4 2 504-515
8. Партизан 7 3 4 593-589
9. Олимпијакос 7 3 4 506-512
10. Жалгирис Каунас 7 3 4 573-580
11. Басконија Виторија 7 3 4 558-592
12. Анадолу Ефес 7 3 4 532-593
13. Црвена ѕвезда 6 2 4 483-475
14. Панатинаикос 6 2 4 397-395
15. Армани Милано 7 2 5 533-524
16. Баерн Минхен 7 2 5 511-555
17. Алба Берлин 6 1 5 461-505
18. Асвел Вилурбан 6 1 5 480-547