“Кралевите” прокоцкаа предност од 15 поени во првата четвртина, за потоа во второто полувреме целосно време да бидат во негатива. На три минути до крајот Баерн имаше осум поени предност, но Реал успеа да се врати.
Фернандез и Рејес постигнаа по 20 поени, а Љуљ придонесе со 18 поени во овој триумф, додека кај Баерн најпрецизен беше Џедовиќ со 22 поени.
ЦСКА Москва забележа уште една победа, овојпат од 75:80 на гостувањето против Дарушафака, каде тренер е Октај Махмути.
Мечот беше решен во третата четвртина, што ЦСКА ја доби со 22:9 и си создаде предност од 18 поени, по што турскиот тим до крајот успеа само да се избори за нешто попристоен пораз.
Теодосиќ беше незапирлив за Дарушафака реализирајќи 22 поени и 9 асистенции, додека Нандо де Коло го заврши мечот со 19 поени.
Цедевита по триумфот во Истанбул над Анадолу Ефес синоќа приреди ново изненадување, славејќи на мечот во Италија против Милано со резултат 68:77.
Хрватскиот состав го изненади својот поранешен тренер Јасмин Репеша, со фуриозна последна четвртина (18:28) успевајќи да стигне до нова голема победа.
Миро Билан со 16 поени беше најефикасен кај Цедевита при овој триумф.
Олимпијакос го декласираше Лимож со убедливи 75:49.
Францускиот состав на полувреме замина со минимална предност од 28:29, за грчкиот гигант во вториот дел конечно да заигра подобро во нападот, но и во одбраната (Лимож постигна само 20 поени во вторите 20 минути) и да стигне до нова победа.
Евролига резултати:
Химки – Стразбру 88:62
Брозе баскет – Макаби 77:66
Дарушафака – ЦСКА Москва 75:80
Лаборал куча – Ефес 92:90 (по прод.)
Милано – Цедевита 68:77
Олимпијакос – Лимож 75:49
Реал М. – Баерн М. 101:99