Евролига: Тешки порази на Ѕвезда од Макаби и на Милано кај Ефес, Реал победи во последната секунда

Црвена ѕвезда во Белград како гостин загуби од Макаби Тел Авив со 73:85 во 23. коло од Евролигата. Црвена ѕвезда пропушти голема шанса да се зацврсти на патот кон пласман во плејофот особено што го играше дуелот во салата каде често тренира, против противничката која одамна се збогуваше со какви и да се шанси за пласман во следната фаза, но доживеа шокантен пораз. Ништо не функционираше освен во првите четири минути, тимот од Тел Авив премногу лесно наоѓаше и погодуваше отворени шутеви, кои Црвена ѕвезда несфтатливо ги промаши. На крајот ништо друго освен пораз за Црвена ѕвезда не можеше да се случи.

Црвена ѕвезда подобро влезе во натпреварот, а по трите поени на Боломбој, а потоа и петте на Милер-Мекинтајр, српскиот тим имаше значителна предност (8:2). Јокубаитис постигна важна тројка за домашните, но Браун со четири последователни поени успеа да ги одведе „црвено-белите“ на плус пет (12:7). Сепак, избраниците на Јоанис Сферопулос не успеаја да ја продолжат првата четвртина во исто темпо. По двете последователни тројки на Блато, Макаби првпат поведе, а кошот на Соркин донесе 15:12. До крајот на првата четвртина главно се играше поен за поен, а на крајот тимот од Тел Авив имаше поен предност (21:20). Црвена ѕвезда избрзуваше во нападите, грешеше, нејзините играчи ги зафати нервозав, што го искористи Макаби и на полувремето замина со солидни 12 (44:32).

Ништо подобро не изгледаше ниту номиналниот гостин на овој меч на стартот од второто полувреме. Советите на Сферопулос на полувремето очигледно не вродија со плод, Гркот не успеа да најде стартна петорка која ќе игра, па Макаби беше на прагот да го реши мечот во своја корист во третата четвртина. По овој пораз, Црвена звезда е на 13-9 и во следното коло гостува кај Партизан, додека Макаби има шест победи од 23 одиграни натпревари. Во следното коло и гостуваат на Алба во салата „Пионир“.

Најефикасен кај победничкиот тим беше Џон Дибартоломео со 15 поени, Тамир Блат имаше еден помалку, Џејлен Хорд додаде 13, а Роман Соркин постигна 12 поени. Кај Црвена ѕвезда на листата на стрелци ја предводеше Милош Теодосиќ со 15 поени, а Филип Петрушев мечот го заврши со 14.

Кошаркарите на Анадолу Ефес ѝ нанесоа тежок пораз на Олимпија Милано. Тимот од Истанбул неочекувано пред своите навивачи лесно го совлада ривалот од „градот на модата“ со резултат 110:66. Гостите во Турција отпатуваа ослабени без Никола Миротиќ, Џош Неб и Фабиен Козер, но поразот е навистина неверојатно висок.

Ефес уште во 9. минута поведе двоцифрено (17:7), а на почетокот на втората веќе имаше плус 21 и веќе беше јасно дека на Олимпија нема работа во градот на Босфор. Со „тројката“ на Илаја Брајант домашните имаа максимални 46 поени предност во последната минута од натпреварот 110:66.

Шест играчи од тимот на Лука Банкија имаа двоцифрен поентерски учинок, предводени од Родриго Бобуа со 18, Џордан Нвора со 15 и Роналдс Шмитс со 13. Пи Џеј Даугер постигна 8 поени (2/2 за 1) во својот прв натпревар во Евролигата за Ефес во Истанбул три) со 2 скока и 9 асистенции. Армони Брукс со 13 и Зак Ледеј со 10 беа двоцифрени кај поразениот тим.

Хрватскиот кошаркарски репрезентативец Марио Хезоња со тројка во последната секунда од натпреварот обезбеди тесна победа на Реал Мадрид на домашен терен од 90>89 против Басконија.

Во завшницата на еден многу интересен натпревар во Мадрид, Басконија поведе со 88:84 влегувајќи во последната минута од играта со двете слободни фрлања на Лука Шаманиќ, а на спротивната страна неговито сонародник Хезоња со „тројка“ ја намали негативата на 88:87 на 27 секунди до крајот, а Шаманиќ скокна во нападот 18 секунди пред звукот на сирената по двете промашени слободни фрлања. Шаманиќ веднаш потоа беше фаулиран и во таа прилика погоди еден од двата шута за водство на својот тим од 89:87. Следуваше последниот напад на Реал, во кој Кампацо за малку ќе ја загубеше топката пред таа да стигне до Хезоња, кој одлично финтираше и се ослободи од чуварот, а потоа погоди „отворена тројка“ за целосен пресврт.

Хезоња на теренот мина 24:29 минути и постигна 22 поени (5-9 од два, 4-7 од три) со пет скока и заедно со Кампацо, кој исто така постигна 22 коша, беше најдобар стрелец на Реал.

Реал со оваа победа се искачи на осмото место со сооднос победи-порази 13-10, додека Басконија е на 15-та позиција со 9-14. Олимпијакос е на врвот со 16-6.

РЕЗУЛТАТИ ЧЕТВРТОК
Анадолу Ефес – Емпорио Армани 110:66
Макаби Тел Авив – Црвена ѕвезда Белград 85:73
Панатинаикос – Жалгирис 89:76
Виртус Болоња – Монако 80:86
Реал Мадрид – Басконија 90:89

 

ТАБЕЛА

1. Олимпијакос 22 16 6 72,7%
2. Фенербахче 21 14 7 66,7%
3. Панатинаикос 23 14 9 60,9%
4. Монако 23 14 9 60,9%
5. Париз 22 13 9 59,1%
6. Барселона 22 13 9 59,1%
7. Црвена ѕвезда 23 13 10 56,5%
8. Реал Мадрид 23 13 10 56,5%
9. Баерн 22 12 10 54,5%
10. Емпорио Армани 23 12 11 52,2%
11. Партизан 23 12 11 52,2%
12. Жалгирис 23 11 12 47,8%
13. Анадолу Ефес 23 11 12 47,8%
14. Асвел 22 10 12 45,4%
15. Басконија 23 9 14 39,1%
16. Виртус Болоња 23 7 16 30,4%
17. Макаби Тел Авив 23 6 17 26,1%
18. Алба Берлин 22 3 18 13,6%