Евролига: Тројка со звукот на сирената за победа на Панатинаикос

Кошаркарите на Панатинаикос го совладаа Монако со 91:90 на гостински терен во драматична завршница на натпреварот од 15. коло на Евролигата.

Гостите од Атина до победата дојдоа со „тројка“ со звукот на сирената што ја постигна Мариус Григонис.

Баерн на домашен терен во Минхен го совлада Анадолу Ефес со 86:71.

Реал Мадрид и натаму е на врвот на табелата со 14 победи и само еден пораз. Следат Виртус од Болоња со скор 11-4 и Барселона со 10-5. Партизан и Макаби имаат скор 9-6, а Монако, Валенсија, Басконија, Панатинаикос и Фенербахче имаат по осум победи и седум порази.

Евролига, 15. коло:
Фенербахче – Жалгирис 80:78
Монако – Панатинаикос 90:91
Баерн – Анадолу Ефес 86:71
Милано – Асвел 84:61