Кошаркарите на Барселона забележаа убедлива победа во 24-то коло од Евролигата, совладувајќи го на домашен терен Виртус од Болоња со 84:57. Иако конечниот резултат не укажива на тоа, стануваше збор за дербито во оваа рунда, бидејќи се сретнаа втората и третата екипа на табелата.
По оваа победа, Барселона има скор 16-8, додека Виртус сега е на 15-9, исто како и Фенербахче и Панатинаикос. Кошаркарите на Реал Мадрид и натаму се на врвот, со 21 победа и само три пораза.
Вили Ернангомез беше најдобар играч на Барселона со 17 поени и шест скока, додека Николас Лапровитола додаде 16 поени.
Како домаќин, Монако го совлада Партизан со 85:70 благодарение на одличниот Мајк Џејмс кој постигна 19 поени и додаде седум асистенции и пет скока.
Успешен домаќин беше и Жалгирис кој го совлада Анадолу Ефес со 96:70. Летонскиот тим до победата го предводеше Лауринас Бирутис, кој постигна 18 поени и забележа осум скока.