Кошаркарите на Партизан на домашен паркет го совладаа Жалгирис во 23. коло од Евролигата со резултат 81:72 и со тоа ги продолжија шансите за пласман во плејофот од елитното континентално натпреварување.
Самиот почеток на мечот, како и во натпреварот против Макаби, му припадна на Жалгирис, кој речиси веднаш стигна до големо водство од 13:3, па Жељко Обрадовиќ мораше да побара минута одмор. Но тајм-аутот не помогна многу, бидејќи повеќето играчи во црно-бело продолжија со отсутноста од мечот, освен ПиЏеј Даужер, кој освен одличната игра во одбраната погоѓаше од контра, од полудистанца, од влез и од шут за три поена. Така поранешниот член на НБА лигата и соиграч на Никола Јокиќ го одржуваше Партизан по првата делница на подносливо заостанување од четири поени (22:26).
А тоа што го правеше Доужер во првата, во втората продолжи да го прави Зек Ледеј, кој погаѓаше најмногу од рекетот, па и од речиси невозможни позиции, што им овозможи на белграѓаните на големата пауза, сепка, да заминат со два поена предност (45:43).
Од тој момент Жалгирис како да застана, само за неколку моменти гостите успеаја да се доближат, но за нивна несреќа продолжија сериите на Ледеј и Даужер, а во последната десница им се приклучи и Франк Камински.
„Црно-белите“ успеаја да се одлепат на 55:47, Жалгирис потоа се закани последен пат и успеа да стигне до израмнување со удари за три поена (59:59), но на почетокот на четвртата четвртина црно-белите достигна 73:61, со што прашањето за победникот веќе беше решено.
Партизан на крајот стигна до 12-та победа и направи голем чекор кон местото кое води во плеј-офот, додека Жалгирис со нов пораз назадуваше во борбата за десеттата позиција на табелата во Евролигата.
Одличен меч одиграа Даужер со 23 и Ледеј со 21 поен, додека Еванс постигна 25 за гостите.
РЕЗУЛТАТИ
Евролига – 23. коло
Анадолу Ефес – Монако 78:80
Басконија – Валенсија 62:77
Армани Милано – Барселона 74:70
Партизан – Жалгирис 81:72
Одиграно во четврток:
Фенербахче – Виртус Болоња 88:75
Алба Берлин – Црвена ѕвезда 89:80
Макаби Тел Авив – Панатинаикос 90:75
Баерн – АСВЕЛ 64:76
Реал Мадрид – Олимпијакос 90:85
ТАБЕЛА
1. Реал Мадрид 23 20 3 1972-1754
2. Барселона 23 15 8 1895-1830
3. Виртус Болоња 23 15 8 1870-1862
4. Панатинаикос 23 14 9 1859-1765
5. Фенербахче 23 14 9 1894-1852
6. Монако 23 13 10 1859-1821
7. Макаби Тел Авив 23 13 10 1959-1987
8. Олимпијакос 23 12 11 1764-1719
9. Валенсија 23 12 11 1765-1736
10. Партизан 23 12 11 1886-1887
11. Басконија 23 12 11 1872-1896
12. Армани Милано 23 10 13 1770-1735
13. Црвена ѕвезда 23 9 14 1884-1860
14. Анадолу Ефес 23 9 14 1889-1958
15. Баерн 23 9 14 1754-1826
16. Жалгирис 23 8 15 1810-1858
17. АСВЕЛ 23 5 18 1779-1950
18. Алба Берлин 23 5 18 1748-1933