Евролига: Ѕвезда ги губи шансите за плеј-офот, несреќен пораз на Партизан

Кошаркарите на Црвена ѕвезда на домашниот паркет беа поразени од Барселона со резултат 76:85 во 25. коло од Евролигата, а подоцна вечерва Виртус во Болоња го победи Партизан со 88:84 во натпреварот.

Ова беше 11-ти последователен пораз на Ѕвезда од Барселона. Гостите водеа од првата до последната минута во преполната белградска „Арена“, „црвено-белите“ имаа неколку кусотрајни налети, кои брзо беа одбиени. Само при крајот на дуелот Ѕвезда успеа да се доближи на едноцифрена негатива, но Барселона рутинирано го приведе натпреварот кон крајот во своја полза.

Ѕвезда погоди само 6 од 27 за три поена, што е само 22,2 отсто и веројатно најголемата причина за овој пораз и новиот неуспех.

Најефикасен кај домашниот тим беше Немања Недовиќ со 21 поен, Јаго дос Сантош додаде 13, а Џоел Боломбој 12 со 10 скока. Кај Барселона одличен беше Дарио Бризуела со 20 поени, додека Јан Весели имаше 16 со осум скока. Солиден беше и Николас Лапровитола со 12 поени, на кои додаде и три скока и асистенции.

Ѕвезда моментално има скор 10-15 и е далеку од плеј-оф и плеј-ин зона. Барселона е втора на табелата со 17 победи и осум порази.

Во салата „Сегафредо“ во Болоња, борбениот менталитет не им донесе победа на избраниците на Жељко Обрадовиќ, на кои им недостигаше напаѓачки импулс за да ги поттикне. Партизан имаше двајца располжени играчи, Џејмс Нанели и Алекса Аврамовиќ, но одбраната се загуби токму во пресудните моменти.

Виртус беше во водство во најголемиот дел од натпреварпот по почетното водство на гостите, Партизан главно одлично се бранеше во позиционен напад, а потоа губеше концентрација во прекините и контранападите. Токму тоа се покажа кога во последната минута од наптреварот, по претходното водство на белграѓани, „тројка“ погоди Ифе Лундберг за 82:81, во последната минута од натпреварот.

Кога на тоа ќе се додаде послабиот напад на Партизан, не треба да чуди што Виртус во еден момент имаше и 12 поени предност. Иако победникот беше решен во самиот финиш од четвртата четвртина, Партизан успеа да направи пресврт на крајот од третата четвртина кога Аврамовиќ и Пантер брзо ја симнаа двоцифрената предност на италијанскиот тим.

Виртус тогаш западна во неволја, Белинели веќе ниту шутираше од далечина, а Партизан недоволно ги казнуваше грешките и стравот кој се вовлече кај домашните кошаркари, па дури во завршницата почна да погаѓа и да дојде до водството од 77:71. До крајот останаа три минути, а Италијанците успеаја да се извлечат. Лундберг и Кордиње постигнаа шест поени за една минута и го вратија натпреварот во егал.

Балша Копривица погоди за два, Смаилагиќ реализираше две слободни фрлања за 81:79 на 50 секунди до крајот но и тоа не беше доволно за триумф. Лундберг беше прецизен за три поена, а Абас, кој дојде до топката по грешното уфрлање од аут на партизановите играчи во нападот од кој можеа да се изборат за продолжение, и Белинели од слободни фрлања ја потврдија победата.

Виртус беше предводен од Марко Белинели во првото полувреме, но Лундберг го презеде водството во второто и на крајот заврши како најдобар поединец во својот тим со 20 поени. Белинели имаше 20, а Исаја Кординиус 12. Кај Партизан Пантер постигна 22 поени, Џејмс Нанали заврши со 18 поени, од кои најмногу во четвртата четвртина, додека единствена константа беше Аврамовиќ кој постигна 16 поени. Потфрли ПиЏеј Доужер, кој впиша само десет поени, но и четири загубени топки од 12-те на Партизан.

Вирутс се задржа на третата позиција со сооднос 16-9, додека Партизан сега со 12 победи и 13 порази е 11-ти, место под групата која оди во доигрувањето.

 

Резултати
Анадолу Ефес – Армани Милано 79:73
Жалгирис – Панатинаикос 80:68
Црвена ѕвезда – Барселона 76:85
Монако: Фенербахче 76:69
Виртус Болоња – Партизан 88:84

ТАБЕЛА:
1. Реал Мадрид 25 22 3 2164-1934
2. Барселона 25 17 8 2064-1963
3. Виртус Болоња 25 16 9 2015-2030
4. Фенербахче 25 15 10 2046-2001
5. Панатинаикос 25 15 10 2006-1907
6. Монако 25 15 10 2020-1960
7. Олимпијакос 25 14 11 1941-1878
8. Валенсија 25 13 12 1908-1884
9. Басконија 25 13 12 2073-2090
10. Макаби Тел Авив 25 13 12 2142-2185
11. Партизан 25 12 13 2040-2060
12. Црвена ѕвезда 25 10 15 2044-2007
13. Армани Милано 25 10 15 1905-1893
14. Жалгирис 25 10 15 1986-1996
15. Баерн 25 10 15 1938-2011
16. Анадолу Ефес 25 10 15 2038-2127
17. Алба Берлин 25 5 20 1901-2115
18. Асвел 25 5 20 1931-2119