Кошаркарите на Црвена ѕвезда на домашен терен во Белград во вторникот вечерта го совладаа Асвел со 73:66 (19:18, 17:13, 20:17, 17:18) во натпревар од 25. коло на Евролигата.
Сите играчи во тимот на Црвена ѕвезда се впишаа во листата стрелци, а најефикасни беа Ајзеа Кенан со 11 поени, Коди Милер-Мекинтајр со 10 поени, пет асистенции и четири скока и Никола Калиниќ со 10 поени. Во победата придонесе Џоел Боломбој со седум поени и 10 скока.
За Асвел, Тео Маледон постигна 13 поени со шест скока и пет асистенции, а Бенџамин Бентил имаше 12 поени и четири скока. Нандо де Коло додаде девет поени, а Нил Сако и Жофри Ловерњ имаа по осум коша за францускиот тим.
Асвел водеше од самиот почеток, но Црвена ѕвезда одржуваше приклучок и не дозволи противникот позначително да се одлепи, сѐ до средината на четвртината кога со поените на Ловерњ и по „тројката“ на Парис Ли, францускиот тим дојде до плус пет (14:9). Домашниот тим потоа одигра подобро и ја намали разликата. Поените на Дејан Давидовац, Боломбој и Јаго Дос Сантос ѝ донесоа водство на Црвена ѕвезда од 19:18.
Втората четвртина Ѕвезда ја започна со „тројка“ на Кенан и погодоци на Филип Петрушев. Домашните играчи влегоа во ритам, Лука Митровиќ беше прецизен а Немања Недовиќ и Дос Сантос погодија „тројки“ за водство од 34:23. Но тогаш „црвено-белите“ застанаа, Асвел направи серија од 8:0 и дојде до заостанување од три поена (34:31). До крајот на полувремето Кенан погоди пет поени предност за Црвена ѕвезда на полувремето.
Ѕвезда одлично ја започна третата четвртина со поените на Милер-Мекинтајр и Недовиќ. Црвена ѕвезда одигра самоуверено и дојде до предност од 12 поени (45:33), додека Маледон и Де Коло го одржуваа францускиот тим во мечот. По поените на Сако, гостинскиот тим се доближи на четири поени, но Кенан со „тројка“ го запре гостинскиот налет. Погодија и Боломој и Калиниќ, а на другата страјка „тројка“ погоди Бентил, па Ѕвезда поведе со 56:48 пред последната четвртина.
Рокас Гедраитис и Милер-Мекинтајр ја вратија двоцифрената предност на домашните, а „тројката“ на Кенан во тој момент донесе максимална разлика од 14 поени, 66:52. Потоа Сако влезе во серија од шест поени, а Маледон постигна кош и дополнително слободно фрлање, со што Асвел дојде на пет поени.
Таа низа беше прекината со кош по серијата Милер-Мекинтајр го задржа водството и ја постигна 15-тата победа, по што се искачи на петтото место во поредокот. Асвел е 14-ти на табелата со 11 победи и 14 порази.
Во следното коло Црвена звезда во четврток ја пречекува Алба, а Асвел ќе игра против Баерн во Минхен.
Во дербито на колото Панатинаикос го совлада Фенербахче со 91:90. Во интересен меч гостите имаа водство од +2 (90:88) на 43 секунди до крајот. Костас Слукас израмни од линијата за слободни фрлања на 11 секунди до крајот. Фенербахче го имаше последниот напад за победа. Сепак, гостите промашија „тројка“, а Пао доби две слободни фрлања на 1,1 секунда до крајот. Кендрик Нан го погоди првиот, а вториот намерно го промаши за седма последователна победа на „зелените“ на арената „ОАКА“. Домаќините ги предводеа Слукас со 23 поени, а Најџел Хејс Дејвис од Фенербахче со 21 поен.
Тимот од Атина (15-10) по некомплетно коло се искачи на петтото место, додека Фенербахче е на второто место со сооднос победи-порази 16-8.
Во 25. коло од Евролигата, кошаркарите на Реал Мадрид загубија на гостувањето кај Анадолу Ефес со 73:79 и покрај одличното издание на Марио Хезоња кој го предводеше Реал со 18 поени и пет скока, но сепак „кралскиот клуб“ го претрпе 12-от пораз. Ефес до 12. победа го предводеа Елајџа Брајант со 21 поен и шест скока и Винсент Поаре со 15 поени и 8 скока.
Жалгирис ја совлада Алба Берлин со 73:53. Игнас Браздеикис го предводеше Жалгирис со 21 поен, додека Јани Вецел беше најефикасен кај германската страна со 10 поени и 10 скока.
Жалгирис е на 13. место со скор 12-13, додека Алба е последна со 4-21.
По некомплетното 25. коло во водство е Олимпијакос (17-7), а потоа следуваат Фенербахче (16-8), Монако (15-9), Париз (14-9), Панатинаикос (15-1).
РЕЗУЛТАТИ:
Анадолу Ефес – Реал Мадрид 79:73
Жалгирис – Алба Берлин 73:53
Црвена ѕвезда – Асвел Вилурбан 73:66
Панатинаикос – Фенербахче 91:90
Баерн Минхен – Олимпија Милано 87:70
Во среда:
Монако – Басконија
Барселона – Макаби Тел Авив
Париз – Олимпијакос
Виртус Болоња – Партизан
ТАБЕЛА
1. Олимпијакос Пиреја 24 17 7
2. Фенербахче 24 16 8
3. Монако 24 15 9
4. Париз 23 14 9
5. Панатинаикос 25 15 10
6. Црвена ѕвезда 25 15 10
7. Баерн Минхен 25 15 10
8. Барселона 24 13 11
9. Армани Милано 25 13 11
10. Реал Мадрид 25 13 12
11. Партизан 24 12 12
12. Анадолу Ефес 25 12 13
13. Жалгирис 25 12 13
14. Асвел Вилурбан 25 11 14
15. Басконија 24 10 14
16. Виртус Болоња 24 7 17
17. Макаби Тел Авив 24 6 19
18. Алба Берлин 25 4 20