Евролига: Ѕвезда извојува победа во Берлин, Реал по вторпат поразен во Истанбул, четврта победа на Баерн во низа

Кошаркарите на Црвена ѕвезда гостуваа во Алба во Берлин во рамките на 25. коло на Евролигата и во тензична завршница сепак успеаја да ја одржат малата предност и да триумфират со 71:77 (13:15, 22:25, 20:19, 16:18).

Првата четвртина од мечот мина без посебни потези и малку кошеви (13:15). Она што дополнително влијаеше на квалитетот на играта е фактот што Алба загуби дури девет топки за 10 минути, а Црвена ѕвезда пет. Се играше многу нервозно, што најдобро го отсликува бројот на загубени топки и проблемите при организирање на нападот

Паузата беше добредојдена и за двете екипи. Ѕведа повторно започна нервозно во вториот дел од втоата четвртина, но сепак успеа да дојде до пет поени разлика.

Во овој дел во тимот на Црвена ѕвезда се истакна Филип Петрушев со девет поени, три скока и две асистенции. Ајзеа Кенан додаде осум поени, а Добриќ пет. Ѕвезда погоди пет од 10 обиди за „тројки“, додека Алба беше на 3 од 9 за три поена. „Црвено-белите“ забележаа девет дефанзивни скока и три офанзивни скока, додека домашната екипа беше подобра со пет офанзивни скока и 14 дефанзивни скока.

Во третата четвртина Црвена ѕвезда имаше и 9 поени предност, но домашните успеаја да се вратат во натпреварот. По пет минути игра намалија на минус 1, но на крајот Ѕвезда успеа да го одржи водството од 59:55.

Во четвртата четвртина домашните притиснаа, а поените на Рапик им донесоа водство на осум минути пред крајот на натпреварот. Домашните притискаа, но со „тројката“ на Јаго на пет минути пред крајот, Црвена ѕвезда повторно дојде до предност од два поседа (69:64). Белграѓаните до крајот успеја да ја зачуваат стекнатата предност и да забележат важна победа на секогаш непријатното гостување.

Ова беше трета последователна победа на Црвена ѕвезда во Евролигата или шеста во последните седум натпревари во сите натпреварувања.

Најдобар играч кај победничкиот тим беше Филип Петрушев со 17 поени, додека Исаја Кенан постигна 11. Од друга страна, Дејвид Мекормак се истакна со 18 поени и 11 скока „дабл-дабл“ остварен уште во првото полувреме, но го доби петтиот фаул кон крајот на третата четвртина.

Црвена ѕвезда сега има скор 16-10 и е во многу добра позиција кога е во прашање борбата за плејофот. Алба е заглавена на дното на табелата со скор 4-22.

Турскиот кошаркарски великан Фенербахче пред своите гледачи го совлада шпанскиот гигрант Реал Мадрид со 78:67 (16:16, 24:12, 18:19, 20:20). Тоа беше втор натпревар на „Кралскиот клуб“ во Истанбул за три дена, во кој гостите претрпеа нов пораз. Во вторникот беа поразени од Анадолу Ефес со 73:79 во европскиот дел на најнаселениот турски град, за два дена подоцна да претрпат уште еден, поубедлив пораз во азискиот дел.

Најџел Хејс-Дејвис беше најдобар кај Фенер со 20 поени и седум скока, а го следеше Ерик МекКолум со 19 поени. Реал имаше само еден играч со двоцифрен учинок, а тоа беше Факундо Кампацо со 11 поени.

Фенербахче е на второто место на табелата со скор 17-8, додека водечкиот Олимпијакос има една победа повеќе (18-7). Реал Мадрид е на 11-та позиција со скор 13-13.

Кошаркарите на Баерн Минхен ја постигнаа четвртата последователна победа во Евролигата победувајќи го францускиот Асвел со 76:67 пред своите гледачи во четвртокот. Андреас Обст постигна 15 поени за победниците, додека Карсен Едвардс имаше 14 поени и шест асистенции. Кај гостите најдобри беа Парис Ли со 14 поени и Жофри Ловерњ со 12.

Баерн е на шестото место со скор 16-10, а Асвел е на 14-то место со 11-15.

Нешто подоцна, кошаркарите на Милан го совладаа Жалгирис на гостински терен во Каунас со 89:87. Најдобри играчи на Милан беа Зак Ледеј со 26, Николо Манион со 21 и Шевон Шилдс со 17 поени.

Панатинаикос оствари многу важна победа откако во вистинска НБА пресметка го совлада Анадолу Ефес со 104:89. Блескаше Кендрик Нан со 36 поени, а кај Ефес најдобар беше Дариус Томпсон со 14.

РЕЗУЛТАТИ

Во четврток:
Фенербахче – Реал Мадрид 78:67
Алба Берлин – Црвена ѕвезда 71:77
Панатинаикос – Анадолу Ефес 104:89
Жалгирис – ЕА7 Армани Милано 87:89
Баерн – Асвел Вилурбан 76:67

Во петок:
Монако – Партизан (19.00 ч.)
Барселона – Олимпијакос (20.30 ч.)
Басконија – Макаби Тел Авив (20.30 ч.)
Виртус Болоња – Париз (20.30 ч.)

ТАБЕЛА

1. Олимпијакос 25 18 7
2. Фенербахче 25 17 8
3. Монако 25 16 9
4. Панатинаикос 26 16 10
5. Црвена ѕвезда 26 16 10
6. Баерн Минхен 26 16 10
7. Париз 24 14 10
8. Барселона 25 14 11
9. ЕА7 Армани Милан 26 14 12
10. Партизан Белград 25 13 12
11. Реал Мадрид 26 13 13
12. Анадолу Ефес 26 12 14
13. Жалгирис 26 12 14
14. Асвел Вилурбан 26 11 15
15. Басконија 25 10 15
16. Виртус Болоња 25 7 18
17. Макаби Тел Авив 25 6 19
18. Алба Берлин 26 4 22