Евролига: Ѕвезда немоќна и потопена во Мадрид

Кошаркарите на белградска Црвена ѕвезда беа убедливо поразени од Реал во Мадрид со резултат 72:95, во петтото коло од Евролигата. Резултатот во четвртините беше 22:10, 24:19, 25:25, 24:18, а треба да се напомене дека Ѕвезда настапи без важните играчи – Џоел Боломој и Немања Недовиќ.

Натпреварот во ниту еден момент не беше неизвесен како што се очекуваше, Реал демонстрираше моќ од почеток до крајот на дуелот, додека Ѕвезда беше главно немоќна на двете страни од теренот. Интересно е што на овој натпревар дури 24 играчи се впишаа во листата на стрелците.

Најдобар во тимот на Реал беше Џанан Муса со 17 поени, а Факундо Кампацо додаде 13 со шест асистенции и три скока, а имаше и индекс 30 со само два удара од поле, кои ги погоди. Валтер Таварес (шест скока) и Ели Ендиаје додадоа по 12 поени, додека Габријел Дек имаше 10 коша. Милош Теодосиќ беше најефикасен во дресот на Звезда со 11 поени, а Никола Калиниќ додаде девет.

Звезда сега има 3-2 во Евролигата, исто како и Реал кој ја подобри формата.

Во следното коло Ѕвезда гостува кај Жалгирис, кој ја замени на врвот на табелата а кој денеска во Каунас го победи Макаби со 78:63, додека Реал за противник го има Олимпијакос.

На табелата исчекор направи и Анадолу Ефес. Поранешниот двократен европски шампион победи со 96:84 на гостувањето кај Армани во Милано.

Евролига – 5. коло – четврток
Монако – Париз 80:87
Жалгирис – Макаби Тел Авив 78:63
Басконија – Алба Берлин 80:57
Армани Милано – Анадолу Ефес 84:96
Реал Мадрид – Црвена Звезда 95:72

Во петок:
Фенербахче – Панатинаикос (19.45)
Барселона – Асвел (20.30 ч.)
Баерн – Олимпијакос (20.45)

Одиграно во средата:
Партизан – Виртус Болоња 69:70

ТАБЕЛА:

TeamGames PlayedWinsLossesPoints ForPoints Against
Жалгирис541376354
Барселона431325302
Фенербахче431300296
Реал Мадрид532439417
Басконија532384365
Анадолу Ефес532432416
Монако532430417
Црвена ѕвезда532390384
Панатинаикос422347330
Олимпијакос422323309
Асвел Вилурбан422324327
Баерн422363376
Партизан523414408
Париз523429428
Макаби523403427
Виртус Болоња514375404
Армани Милано514393437
Алба Берлин514362412