Кошаркарите на Црвена ѕвезда во 14-то коло на Евролигата направи пресврт совладувајќи го Виртус во Болоња со 94:87, со што се искупија за лошото издание во Милано во оваа двојна седмица од најелитното континентално натпреварување.
За разлика од играта во Милано, во Болоња играчите на Ѕвезда се обидоа уште на стартот да покажата дека со поагресивна игра на двата краја од теренот може да дојдат до победата која им беше императив против Виртус кој поради катастрофалните игри во Еврологата остана без тренер.
Ѕвезда, сепак, не играше убедливо но во првото полувреме одигра подобро од противникот, па на големата пауза замина со шест поени предност – 44:384.
Меѓутоа, по враќањето на паркетот тимовите ги сменија улогите. Играчите на Виртус почнаа да му ја испорачуваат топката под кошот на Торнике Шенгелија, кој постојано им правеше проблеми на гостите, а благодарение на него, но и на одличната одбрана, Виртус ја доби третата четвртина со 25:13, па во последната делница влезе со предност од шест поени 63:57.
Ѕвезда не се предаде, иако домашните во еден момент остварија предност од 10 поени (75:65). Во безидејната игра, се чинеше дека „црвено-белите“ ќе го загубат и вториот меч во Италија, но Ајзеа Кенан се погрижи да не биде така. Одличниот Американец ја одигра најдобрата партија откако пристигна во Ѕвезда, погаѓаше за три ии за два поена е беше непогрешлив 8/8 од линијата за слободни фрлања, а притоа делеше и асистенции. Имаше помош од Лука Митровиќ, Филип Петрушев…
Можеби клучниот момент на меќот се случи на 1,28 до крајот кога Никола Калиниќ погоди „тројка“ од осум метри на самиот истек од нападот за водство од 88:85. Тоа како да го деморализираше тимот од Болоња, кој не се опорави од тоа. Ѕвезда ефикасно ја одигра четвртата делница постигнувајќи дури 37 поени, што беше недостижно за играчите на Виртус.
Најефикасен кај победниците беше Ајзеа Кенан со 26 поени, а го следеше Лука Митровиќ со 21. На другата страна најдобар беше Торнике Шенгелије кој броеше до 25. Вил Клејберн забележа дабл-дабл учинок од 19 поени и 12. скокови.
Црвена ѕвезда сега е на соодност победи и порази 7-7 и во следното коло го пречекуваат фаворизираниот Олимпијакос. Виртус е далеку најслаб на табелата со 2-12, а од следното коло на клупата ќе седне поранешниот тренер на белграѓани Душко Ивановиќ.
Во дербито на вечерта кошаркарите на Париз го совладаа Олимпијакос во Атина со резултат 96:90 во натпреварот од 14. коло во Евролигата и со тоа ја извојуваа 10-та победа во низа во својата премиерна сезона во елитното натпреварување. Париз со скор 11-3 е осамен на првото место пред Фенербахче (10-4), а Олимпијакос е на 9-5 и следниот петок ќе ѝ гостува во Црвена ѕвезда.
Повремениот македонски репрезентативец ТиЏеј Шортс впиша 21 поен за Париз, Надир Хефи 20, а Тајсон Вард 14. Еван Фурние постигна 25 поени за Олимпијакос, Саша Везенков 18, Најџел Вилијамс-Гос 12, а Шекил Мекисик 10.
На седум минути до крајот Париз имаше огромни плус 20 (80:60), но во следните четири минути имаше чудесна серија на домаќините од 22:0 за водство од 82:80 на три минути до крајот. Следуваше мини-серија од 6:0 на гостите, а „тројката“ на Маодо Ло донесе водство на Париз со 89:86 на 21 секунда пред крајот. Париз во пенал-рулетот успеа да ја зачува победата и да ја продолжи феноменалната резултатска серија во дебитантската сезона во Евролигата.
Кошаркарите на Алба доживеаја убедлив пораз на гостувањето кај Монако со резултат 80:100. Монако сега има скор 9-5, а Алба која следната седмица го пречекува разиграниот Партизан има учинок 3-11.
Вито Браун беше најефикасен во втората победа на Монако во третиот натпревар откако на клупата дојде Василис Спанулис, со 17 поени, Јоргос Папајанис додаде 12 а Ели Окобо и Метју Страцел по 10 поени. Кај Алба се истакнаа Јани Вецел и Дејвид Меккормак со по 16 поени, Матео Спањоло постигна 10 коша.
На овој меч во ниту еден момент не беше доведено прашањето за победникот, Монако веќе имаше плус 16 по првата делница (34:18), Алба не успеа да направи изненадување како пред два дена кога како гостин го совлада Виртус во Болоња.
РЕЗУЛТАТИ
Евролига – 14. коло
Монако – Алба Берлин 100:80
Олимпијакос – Париз 90:96
Виртус Болоња – Црвена ѕвезда 87:94
ЕА Милано – Асвел 92:84
Одиграно во четврток:
Жалгирис – Анадолу Ефес 85:72
Макаби Тел Авив – Барселона 86:88
Баерн – Басконија 94:80
Партизан – Панатинаикос 91:73
Реал Мадрид – Фенербахче 70:82
ТАБЕЛА
# | Team | Games | Wins | Losses | Points For | Points Against | Points |
---|---|---|---|---|---|---|---|
1 | Париз | 14 | 11 | 3 | 1211 | 1144 | 25 |
2 | Фенербахче | 14 | 10 | 4 | 1114 | 1076 | 24 |
3 | Олимпијакос | 14 | 9 | 5 | 1200 | 1131 | 23 |
4 | Монако | 14 | 9 | 5 | 1203 | 1145 | 23 |
5 | Баерн | 14 | 9 | 5 | 1247 | 1220 | 23 |
6 | Панатинаикос | 14 | 8 | 6 | 1193 | 1164 | 22 |
7 | ЕА Милано | 14 | 8 | 6 | 1222 | 1205 | 22 |
8 | Барселона | 14 | 8 | 6 | 1180 | 1168 | 22 |
9 | Жалгирис | 14 | 8 | 6 | 1058 | 1049 | 22 |
10 | Црвена ѕвезда | 14 | 7 | 7 | 1173 | 1143 | 21 |
11 | Анадолу Ефес | 14 | 7 | 7 | 1177 | 1177 | 21 |
12 | Партизан | 14 | 6 | 8 | 1133 | 1123 | 20 |
13 | Реал Мадрид | 14 | 6 | 8 | 1144 | 1140 | 20 |
14 | Басконија | 14 | 6 | 8 | 1084 | 1114 | 20 |
15 | Асвел | 14 | 5 | 9 | 1141 | 1193 | 19 |
16 | Макаби | 14 | 4 | 10 | 1175 | 1224 | 18 |
17 | Алба Берлин | 14 | 3 | 11 | 1105 | 1278 | 17 |
18 | Виртус Болоња | 14 | 2 | 12 | 1121 | 1186 | 16 |