Кошаркарите на Партизан го совладаа тимот на Париз со резултат 92:86 во амките на 23. коло од Евролигата.
Кошаркарите на Партизан му се ревваншираа на дебитантот во Евролигата, кој својата неверојатна сезона ја започна токму со победа против нив во првото коло. Тесниот пораз во француската престолнина (74:71) остана врежан во сеќавањето на белградските навивачи, кои беа решени да се одмаздат на домашен терен, пред своите навивачи и на тој начин да ја продолжат серијата триумфи и трката за плеј-офот, поточно за плеј-ин.
По првите десет минути се чинеше дека целта на Партизан можеби е потешко остварлива, отколку што се чинеше во прв момент имајќи ги одличните игри и убедливи победи на гости на „црно-белите“ во претходните две кола. И двата тима пружија одлучна партија со максимално залагање и индивидуални блесоци, но на крајот заврши според желбите на „гробарите“, откако Алексеј Покушевски погоди „тројка“ на три минути до крајот, а претходно погоди уште една идентична покрај одличните одбрани, и дефинитивно ги одлепи домашните на недостижна разлика.
Париз почна пеколно и во два наврата во првата делница ја имаше предноста од девет поени, која ја доби со 34:26, благодарејќи на брзата игра и погодоците од дистанца. На спротивната страна Партизан го имаше расположениот Бонга и во двата правца. Го помогнаа Карлик и Тајрек Џонс, но секој пат одговараа Хифи и Тајрис Шортс, па гостите имаа убава предност. Заслуга за ова имаше шутот од над 85 отсто, но и четирите загубени топки на домашните.
Веќе во втората четвртина Партизан ги исправи грешките и воспостави контрола на паркетот. Неговите поентери беа попрецизни и со поорганизирана тимска игра во одбрата го тераа противникот на грешки. „Црно-белите“ полека ја топеа предноста на Париз а на средината на четвртината предводени во прв ред од Дејвис, целосно ја свртеа ситуацијата во своја полза. Неговата „тројка“, потоа блокот и „тројката“ на Браун, а потоа и кошот од далечина на Лакиќ, по што експлодираше салата, ја потврдија доминацијата на избраниците на Жељко Обрадовиќ во оваа делница, во која нивната предност достигна седум поени. На крајот на пауза заминаа со пет поени предност 54:49.
И на почетокот од второто полувреме Партизан продолжи со истата енергија, но тоа не траеше долго. Попуштија во одбраната, а играчите на Париз постигнуваа лесни поени од рекетот. Проблем на домашните им беше и дефанзивниот скок, благодарение на што гостите ги исправија своите грешки дојдоа до израмнување на средината на четвртината. Сепак, Партизан го сочува водството на крајот од третата делница од пет поени. Жарот кај Партизан не згасна во последната делница и успеаја да се одбранат од налетите на гостите, а Алексеј Покушевски со уште една „тројка“ на три минути пред крајот, од напад кој изгледаше безнадежен ја одржа разликата на 86:79. Во самиот финиш се чинеше дека домашните кошаркари ја имаат контролата над резултатот, но до самиот крај беше тензично.
Кај Партизан предничеше Карлик Џонс со 17 поени и 5 асистенции, додека Исак Бонга имаше 16 поени, 7 скока и 4 асистенции, Стерлинг Браун впиша 15 поени и шест скока, Брендон Дејвис придонесе со 13 поени, Ифе Лундберг постигна 11 поени и седум асистенции, а Алексеј Покушевски имаше шест поени, од кои два „тројки“ во клучните моменти.
Кај црно-белите поради повреди не настапија Вања Маринковиќ и Френк Ниликина, а поради вирусна инфекција натпреварот го пропушти Двејн Вашингтон.
Кај Париз прво име беше македонскиот репрезентативец ТиЏеј Шортс со 19 поени, Тајсон Вард постугна 14, а Надир Хифи 13 поени.
Со оваа победа Партизан целосно влезе во битката за плеј-ин, кој сега се наоѓа на 11. позиција со скор 12-11, додека Париз падна на седмата позиција со резултат 13-9.