Европа забележала најголем раст на увозот на оружје во последните пет години и тој тренд силно ќе забрзува имајќи ги предвид информации за повторно вооружување на европските земји поради наводната „руска зкана“, покажува извештајот на Меѓународниот институт за истражување на мирот (SIPRI) со седуште во шведски Стокхолм.
Во периодот од 2017 до 2021 година светската трговија со оружје паднала за 4,6 отсто во однос на претходните пет години, но на европскиот континент пораснала за 19 отсто, покажува извештајот на SIPRI објавен во понеделнкот.
„Европа е повторни жешка точка… Потребно ние е многу ново оружје, а дабар дел од тоа ќе дојде од извоз, главно меѓуевропски и американски“, изјавил за AFP истражувачот Сиемон Веземан, еден од авторите на споменатиот извештај кој се објавува во последните повеќе од триесет години.
Поради тензиите со Русија почнувајќи од 2014 годим, уделот на Европа во светската трговија со оружје пораснал од 10 на 13 осто во последните пет години и овој удел „значително“ ќе се зголемува, оценува Веземан.
Иако е тешко да се утврдат точните бројки поради нетрапнсапрентноста на многу договори, вредноста на светската трговија со оружје се искачува на 100 милијарди долари на годишно ниво, сметаат експертите.
Како што наведуваат од SIPRI, областа на Азија и Океанија, и натаму е главната зона на увоз во последните пет години, со 43 отсто удел во светското тргување со оружје и со шест најголеми увозници: Индија, Австралија, Кина, Јужна Кореја, Пакистан и Јапонија. Трговијата со оружје во најгусто населеното подрачје на светот, сепак, е во 5-процентен пад во последните пет години.
На Блискиот исток, вториот според обемот пазар на оружје со 32-отстотен удел во глобалното тргување, забележан е послаб раст од 3 отсто, а се засновал главно на вложувањата на Катар поради тензиите со соседните земји во Персискиот залив.
Уделот на Америка и на Африка забележал значителен пад од околу 6 отсто на секој од контитентите.
Меѓу петте најголеми извозници на оружје во светот САД се далеку најголемиот извозник а Франција е на третото мсто и имале најголем раст во последните пет години, од 32 на 39 отсто, односно од 6 на 11 отсто.
Русија го задржала второто место меѓу извозниците, но нејзиниот удел паднал за 19 отсто во набљудуваниот период и таквиот пад би можел да продолжи поради влијанието на санкциите, заклучуваат во SIPRI.