![Saatesari Jälg](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2022/07/Parnu-PM-1.jpg?resize=468%2C312&ssl=1)
Европските оператори веднаш ќе спроведат долгорочен план за вклучување на балтичките земји, коишто се потпираат на руската електроенергетска мрежа, во составот на Европската унија доколку Русија ги исклучи поради нивните антируски санкции и блокадата на испорака на стоки за руската балтичка енклава Калининград, изјавиле за Reuters три неименувани извора запознаени со ова прашање.
Загриженоста поради зависноста од Русија од која и да е форма на поевтина енергија порасна во Европската унија поради намалувањето на руските испораки на енергенси во некои земји поради војната во Украина.
Покрај долгогодишните тензии со Русија поради недавањето на права на значителното руско малцинство, балтичките земји сега се загрижени поради тоа што Литванија ја предизвикува Москва, воведувајќи блокада на транспортот на енклавата Калининград. Според пишувањето на германскиот весник Stern во петокот, Берлин го предупредил Вилнус дека станува збор за транспорт на стоки, практично, во една држава, што не подложи на санкциите не ЕУ, особено кога не се извезуваат од енклавата.
Три децении откако се одвоија од СССР и 17 години откако, во прв ред со политичка одлука беа примени во ЕУ, балтичките земји Естонија, Латвија и Литванија сѐ уште силно зависат од Русија во обезбедувањето на стабилно снабдување со електрична енергија.
Балтичките земји имаат долгорочен план да стане дел од европската децентрализирана мрежа на електроенергетските оператори, позната како ENTSO-E, до 2025 година.
Изворите на Reuters рекле дека тоа би можело веднаш да се примени доколку биде потребно, според плановите за непредвидени ситуации кои ги изработил ENTSO-E.
Рускиот и европскиот систем работат на фреквенција од 50 херци, но дека со рускиот систем се управува од Москва, европските мрежи се децентрализирани, односно секој национален оператор е одговорен за одржувањето на стабилноста на својот систем. Меѓутоа, во итни случаи тие во европскиот систем можат да пружат помош.
Уште во мај ЕУ и Украина ги поврзаа своите мрежи, две ипол години порано отколку што беше предвидено, што му овозможува на Киев да добива струја од Европа доколку воените дејствија предизвикаат недостиг.
Во идеален случај, балтичките земји би се исклучиле од руската мрежа дури во 2025 година, по завршувањето на проектот за надградба на инфраструктурата кој ЕУ го поддржа со 1,6 милијарди евра.
Изворите, пак, тврдат дека балтичките земји веќе би можеле да го поднесат преминувањето, доколку биде потребно. Операторите наводно стабилно би функционирале, но недостигот од инфраструктура би можело да значи повисоки цени на електричната енергија, рекол еден од соговорниците на агенцијата.
Литванија минатата година инсталирала и успешно тестирала опрема за поврзување на балтичките електрични мрежи со Полска, исто така членка на ENTSO-E.
Портпаролот на литванскиот оператор „Litgrid“, изјавил за Reuters дека минатогодишниот тест на надградбата на литванско-полската мрежа LitPolLink покажал дека „во случај на нужда балтичките земји да добијат помош и да можат да се поврзат со мрежата на континентална Европа“.
„Се координираме со регионалните партнери и подготвени сме да обезбедиме сигурно снабдување со електрична енергија во сите сценарија“, тврдел портпаролот.
Отстранувањето на балтичките земји од регионалната мрежа, исто така, би на отсекла руската енклава Калининград кој би морала самостојно да управува со мрежата. Тестот дали може Калининград тоа да го стори беше планиран за в сабота, но Русија го откажа.
Москва, како и повеќепати претходно, порача дека ќе ги исполнува сите обврски кои произлегуваат до договорите за снабдување со енергија.