![ursula fon der lajen](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2024/02/ursula-fon-der-lajen.jpg?resize=696%2C460&ssl=1)
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен денеска, по повод 50-годишнината од турската инвазија на Кипар, изјави дека Европа ќе продолжи да го поддржува Кипар во неговите напори за повторно обединување на поделената држава.
„Денес, на оваа трагична 50-годишнина, како и секој ден, стоиме покрај Кипар. Ние го поддржуваме територијалниот интегритет и суверенитет. Кипарците заслужуваат да живеат во обединета земја во услови на мир, соживот, стабилност и просперитет. Кипарското прашање е европско. Ќе продолжиме силно да го поддржуваме Кипар во неговите напори за повторно обединување на последната поделена земја-членка на ЕУ, во согласност со релевантните резолуции на Советот за безбедност на ОН“, напиша Фон дер Лајен на Икс.
Во Кипар денеска се одбележува 50-годишнината од турската инвазија на тој остров.