Европските членки на НАТО и Канада ги зголемиле трошоците за одбраната за 20 отсто во 2024 година во споредба со претходната година, тврдеше во петокот генералниот секретар на сењверноатлантската алијанса, Марк Руте.
Членките на НАТО се под притисок на американскиот претседател Доналд Трамп, како и во неговиот прв мандат, да ги зголемат своите воени буџети.
Многу членки се обидуваат да покажат дека ја разбрале неговата порака и веќе ги зголемија трошоците за одбрана, особено по руската инвазија на Украина во 2022 година.
НАТО објави дека со зголемување од 20 отсто, неамериканските членки на алијансата сега трошат вкупно 485 милијарди долари за одбрана.
„Со нетрпение очекувам да се сретнам со министрите за одбрана на НАТО следната недела за да разговараме за тоа како да се инвестира повеќе и подобро во одбраната“, изјави Руте за Reuters.
„Бројките се зголемуваат. Европа и Канада потрошија 20 отсто повеќе во 2024 година, така што вкупните нови инвестиции во последните години се зголемија од 640 милијарди долари на 700 милијарди долари“, додаде тој.
На состанокот следната среда ќе биде и секретарот за одбрана на САД, Пит Хегсет.