Европската унија ја запре исплатата на 125 милиони евра помош за земјоделците погодени од руското ембарго, поради сомнителни барања за надмост на штета.
Во соопштението од ЕК се наведува дека е запрена програмата за помош на земјоделците и дека во следните неколку денови ќе се воведе „далеку попрецизна програма“.
Комисијата на ваков потег се одлучила поради, како што наведува, непропорционално високиот број барања за надмост на штета.