Европа не ги контролира сопствените резерви со гас

Земјите членки на Европската унија практично немаат контрола врз сопствените залихи на гасот, пишува деловната новинска агенција Bloomberg News.

„Само десетина отсто од складираниот гас од Италија до Холандија се под директна контрола на властите“, се наведува во написто.

Другите 90 отсто од резервите им припаѓаат на меѓународни трговски компании и енергетски концерни кои можат да го продаваат гасот по повисоки цени и на другите пазари на континентот и во светот, се додава во написот.

Според експертите, регионалната гасоводна мрежа треба да обезбеди снабдување со гориво меѓу пазарите. Сепак, иако повеќето земји известуваат за речиси исполнетите капацитети на складиштата за гас, системот сѐ уште не го оправдал своето воспоставување.

„Практичните можности на системот не се претходни тестирани“, вели за агенцијата Греам Фридман, аналитичар во консултантската компанија „Wood Mackenzie“.

Според прогнозите на стручњакот, во случај на студена зима, залихите до март можат да паднат под 10 отсто.

„Многу ќе зависи од острината на оваа зима“, додава Фридман.