Рекордни 165 илјади луѓе оваа година од Медитеранот влегле во Европа, што е за двапати повеќе од минатата година, соопшти Агенцијата на Обединетите Нации за бегалци.
Во соопштението се додава дека минатата, 2013 година, во Европа пристигнале 60 илјади бегалци.
Од УНХЦР се загрижени бидејќи мигрантите, главно од Африка и од Блискиот Исток, ги ризикуваат сопствените животи за да стигнат во Европа. Досега бројката на загинати мигранти изнесува повеќе од 3 илјади луѓе.
УНХЦР наведува дека се повеќе луѓе бегаат од војна и прогонства, а од први јули повеќе од половина мигранти биле од Сирија и Еритреја.
Агенцијата побарала повеќе помош за спасување на море.
„Доколку Европа не успее да даде повеќе помош на море, уште повеќе животи ќе бидат изгубени“, се препорачува во соопштението.