Европските влади и големи компании од понеделнмикот се обидуваат да најдат начини за да го стават под контрола ширењето на новиот коронавирус Covid-19, додека бројот на заразените и натаму постојано расте.
Европскиот центар за превенција и контрола на болестиет нивото на ризокот за граѓаните на Европската унија поради ширење на коронавирусот го золеми од „ниско до умерено“ на „умерено до високо“, соопшти во Брисел претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен. Комисијата во понеделникот формираше група за одговор на коронавирусот која ќе ги разгледува медицинските ризици, како и последиците за сообраќајот и мобилноста во ЕУ и за нејзината економија.
Во меѓувреме хрватското претседателство со Советот на ЕУ објави дека целосно го покренало механизмот за одговор на кризи – Интегриран политички одговор на кризи (IPCR), кој треба да овозможи брзо и усогласено носење политички одлуки во тешки и сложени кризи. Второт од трите нивоа на ICPR, механизмот за размена на информации, веќе беше активирано во петокот.
Новото ниво предвидува одржување кризни состаноци, меѓу другите и на Европската комисија, Европскиот совет, претставиниците на погодените земји членки и други важни страни на коишто се подготвуваат предлози за кои потоа одлучуваат членките.
Европската централна банка (ECB) соопшти дека е „подготвена да преземе соодветни и целени мерки“ имајќи предвид дека појавата на болеста создала „ризици за економијата и функционирање на финансиските пазари“, рече претседателката на банката Кристин Лагард.
Во 18 членки на ЕУ во понеделникот се потврдени 2.100 случаи на зараза со 38 полинати, соопшти шефицата на Комисијата за здравство, Стела Кирјакидес. Овие членки покренаа заедничка постпака набавка на заштитна медицинска опрема, додаде. Ниедна земја членка на ЕУ засега не најави воведување граничен надзор во рамките на шенгенската зона на слободно движење.
Европските министри за финансии за состојбната ќе разговараат на телеконференција, најави претседателот на еврогрупата, Марио Чентен, за да се усогласат националните одговори. Некои компании, сепак, како „British Airways“, „Ryanair“ и „Lufthansа“ самите преземаа мерки откажувајќи или намалувајжи го бројот на летовите за европските земји со најголем број случаи на зараза.
Бројот на заразените во Европа постојано расте, а Портуалија е последната земја во низата која го пријави својот прв сличан на болеста која ја предизвикува новиот коронавирус Covid-19.
Во Германија бројот на заразените се искачи на 150, објави во понеделникот официјалнито иснтитут за контрола на болестите. Институтот „Роберт Кох“ ризикот на епидемијата го оцени како „умерен“, а директорот на институтот Лотар Вилер рече дека состојбата продолжува да е „крајно динамична“.
Во Италија е пријавени првиот случај во Рим, а заразен е полицаец кој бил во контакт со лице од Ломбардија, покраина најтешка со појавата на коронавирусот. Италија во моментов има 2.036 заразен, 20 отсто повеќе од ден претходно, соопшти Агенцијата за цивилна заштита. Починале 52 лица, а 149 оздравеле, додека во неделата имаше 34 мртви и 83 излекувани. Во болнците има 908 пациенти од кои 166 на одделите за интензивна нега. Најмногу заразени има во северните региони, во Ломбардија – 1.077, во Емилија Ромања – 324, во Венето – 271 и 51 во Пиемонт.
Бројот на заразените се золемил и на северот од Европа, и до понеделникот ноќта во Данска се регистрирани четворица заболени, седум во Финска, тројца на Исланд, 25 во Норвешка и 15 во Шведска.
Франција потврди 191 случај на зараза, 61 повеќе од неделата. Бројот на потврдените случаи во Шпанија во понеделникот се искачи од 81 на околу 120. Први случаи на коронавирусот потврдија и Андора и Чешка, како и Ерменија и Украина..
Надвор од Европа во понеделникот првите случаи на зараза ги пријави и Мароко, а пациентот неодамна дошол од Италија, како и првиот заболен во Тунис. Алжир во понеделникот имал четири нови случаи, и сега вкупно се пет во оваа земја. Случаи на коронавирус во Африка пријавија и Сенегал и Египет, а претходно и Ниерија. Станува збор за Италијанец кој работи во Нигерија, а неодамна се вратил од Милано. Експертите стравуваат од брзо ширење на коронавирусот во Африја во густо населените големи градови, како Лагос, Каиро и Алжар.
Први зарази се пријавени и во Домениканската Република и во Индонезија.
Јужна Кореја во вторникот претпладнето извести за 600 нови случаи на зараза и уште тројца починати, и сега во оваа земја вкупно се регистрирани 4.812 случаи и 34 починати. ужнокорејските власти известија дека Ли Ман-хе, водач на верската секата Исусова црква Шинчеонџи, од каде се проширла заразата, бил негативен на тестот за коронаворусот.
Во Иран, бројот на заразените се зголемил на 1.501, а починале 66 лица.