
Загриженоста на големите европски земји поради можните негативни последици од уште еден круг западни санкции против Русија поради наводната инвезија врз Украина, создава ризик од раскол меѓу САД и нинивте европски сојузници во врска со жестокоста на санкциите, пишува деловната агенција Bloomberg повикувајќи се на „добро упатени извори“.
Според соговорниците на агенцијата, американските сојузници во Еврпа се обединетите во желбата да спречат можен вооружени судир меѓу Украина и Русија и ја предупредиле Москва на претстојни санкции „од големи размери“, но истовремено некои од нив „им изразиле загриженост на САД“ за веројатни последици од таквите мерки за нивните стопанства.
„Оваа група земји ги анализира економските и правните ефекти од можните санкции“, пишува Bloomberg.
Европејците, пишува натаму агенцијата, меѓу другото се загрижени од евентуалните возвратни мерки на Русија, во прв ред намалување или прекунување на испораките на гасот во Европа, којашто и онака е во длабока енергетска криза. Покрај тоа, се истакнува во прилогот на Bloomberg, за воведува на руските санкции е потребна едногласна согласност од сите членки на Европската унија, кои имаат „главно различни погледи на Русија“.
„Разликата во пристапот го покажува предизвикот со кој САД и нивните сојузници се соочуваат обидувајќи да се изврши притисокот врз Русија да престане да трупа единици близу границата со Украина“, пишува Bloomberg.
Претходно беше објавено дека администрацијата во Вашингтон ја разгледува можноста за дополнително ограничување на извозот на високотехнолошки производи во Русија, како и микроелектроника, во чие производство се вклучени американска технологика или софтвер. Листата на компонентите и стоки може да варира од авионика и алатки за паметни телефони, игачки конзоли и телевизори, всушност ограничувања кои и сега се на сила па и со поголем обем од набројаниот,
Висок функционер на американската администрација изјавил на брифинг пред американско-руските преговори кои во понеделникот започнаа во Женева, дека Русија е се соочи со „невидени финансиски и економски санкции“ и со дипломатски последици доколу се реши за агресија врз Украина.
Во Женева деенска започнуваат руско-американските преговори, во среда во Брисел ќе се одржи состаноткот на Советот Русија-НАТО, а два дена подоцна во Виена ќе се одржи состанокот на Постојаниот совет на ОБСЕ. Според најавите преговорите првенствено се насочени врз руската иницијатива за безбедност во евроатлантската област.
Руското министерство за надворешни работи на 17-ти декември ги претстави своите предлози за правно обврзувачки договор за неширање на НАТО кон руските граници, како и воведување строго ограничување на распоредување стратешко офанзивно оружје, особено нуклеарно во Европа.