Европарламентарката Валсман: Договор за избори да, но здравјето на граѓаните на прво место

Европарламентарката Марион Валсман, потпретседател на Комисијата за правни работи на Европскиот парламент и член на делегацијата на ЕП за Македонија, порача во четвртокот дека политичките партиите во земјата треба да му испратат порака на единство и лидерство на народот и заедно да дејствуваат да се најде нов датум за одржување на изборите, бидејќи безбедноста на граѓаните е на првото место.

Валсман, која доаѓа од германската Христијанско-демократска унија (CDU) на канцеларката Ангела Меркел, во својот твит истакнува дека во моментов станува збор за период на неизвеснот, имајќи ги предвид податоците од последните десет дена кои покажуваат постојан раст на заболените и починатите во епидемијата на коронавурисот.

Исто така, Валсман е една од тројата известувачи во ЕП за Македонија. Нејзината реакција доаѓа откако во средата вечерта Владата предводена од техничкиот премиер Оливер Спасовски од СДСМ, донесе  одлуката да се направи измена во Уредбата за изборниот процес.