Европејците нема да се откажат од Грција, ветува германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле во интервју за весникот „Билд“. Според Шојбле преземањето на ротирачкото претседателство на ЕУ од Атина од први јануари е голема шанса за земјата и ќе покаже на грчкиот народ дека неговата иднина е во Европа.
„Оваа задача е извор на идентитет, на самодовербата, на гордост, претседателството на ЕУ е голема шанса за земјата и за Европа. Ќе одлучиме во средината на следната година дали треба нова помош за Грција“, истакнува Шојбле .
Тој беше категоричен дека ако земјата остане на патот на реформите, ако ги исполни потребните услови, нема да биде напуштена. Сегашната спасувачка програма, втората од 2010 година, истекува во јули 2014 година.
Грчкиот министер за финансии Јанис Стурнарас вчера изјави дека неговата земја нема да има потреба од друга спасувачка програма.