Кошаркарите на грчки Олимпијакос се пласираа на фајналфорот на Евролигата, откако во решавачкиот петти меч во средата доцна вечерта на гости ја совладаа Барселона со 63:59 (9:12, 16:15, 15:13, 23:19).
Кај грчкиот претставник најдобри беа Шекил Мекисик со 12 и Костас Папаниколау со 11 поени, а кај Барселона се истакнаа Николас Лапровитола со 17 и Алекс Абринес со 13 поени.
Во полуфиналето на фајналфорот Олимпијакос ќе игра против Реал Мадрид, а во второто полуфинале ќе се сретнат Фенербахче и Панатинаикос.
Фајнлфорот ќе се одржи од 24 до 26 мај во Берлин.