Франција е центарот на тероризмот во Европа, со 63 од вкупно 152 терористички напади кои се забележани во текот на 2013 година. Само во 2013 година забележани се дури 225 апсења поради сомнение или пак обвинување за терористички напад, пишува РТ.
„Од вкупниот број на терористички напади во текот на 2013 година, 152 напади се забележани само во 5 земји од членките на Европската Унија. Најголем број од нападите се извршени во Франција, вкупно 63, потоа во Велика Британија, 35, а на третото место е Шпанија со 33 напади. Бројот на терористичките напади, сепак е намален, во споредба со бројката од 2011 година“, стои во извештајот на ЕВРОПОЛ.
„Заканата од терористички напад во Европа претставува голема опасност, а се манифестира на различни начини“, вели Роб Вајрајт, директор на ЕВРОПОЛ.
Од терористичките напади во Европа, има 7 погинати, а осомничени и упасени се 535 лица.
Тројца од загинатите, животот го изгубиле во напади во Франција и сите тројца се курдски активисти. Четвртата жртва е британски војник, кој е убиен во Лонодон со месарски нож. Двајца се грци и биле членови на екстремната десница во Грција, тие исто така се убиени во терористички напад.
Според извештајот на ЕВРОПОЛ, најголемиот проблем е враќањето на џихадот во Европа.