Европол посочува дека жените се способни за кривични дела колку и мажите

Жените се исто толку способни да извршат сериозни кривични дела како и мажите, покажуваат податоците од веб-страницата на најбараните жени бегалци во Европа.

Според соопштението на Европол, бројот на жени вклучени во криминални активности се зголеми во последните децении, иако темпото на тој раст е побавен од оној на мажите.
Како едно објаснување за овој тренд, Европол наведува дека е можно технолошките достигнувања и социјалните норми да ги ослободиле жените од домашни работи и ја зголемиле нивната застапеност на „пазарот на криминал“.

Европол наведува дека податоците покажуваат дека криминалци од двата пола се барани за сериозни кривични дела како што се убиство, трговија со дрога, измама, кражба и трговија со луѓе.

Европол ги повикува луѓето да обезбедат информации што би помогнале во пронаоѓањето на бегалците.