Европратеници бараат оставка на Борел поради посетата на Москва

Осумдесет и еден од 750 пратеници на Европскиот парламент бараат оставка на Високиот претставник за надворешна и безбедносна политка на Европската унија, Жозеп Борел, по неговата посета на Русија којашто тие је сметаат за „бламажа“, објави во вторникот естонскиот пратеник Рихо Терас од Европската народна партија (EPP).

Писмото со барање шефот на евроспката политија да остапи главно е потпишана од „народњаците“, но и конзервативци, реофрмисти и неколку либерали главно од земјите кои имаат крајно негативен став кон Русија.

Меѓутоа, тие се свестни дека нивната иницијатива тешко ќе успее, а пратениците сметаат дека претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен, би требало да го смени Жозеп Борел, доколку самиот не поднесе оставка.

„Им благодарниме на сите 81 пратеник, кои го потпишаа писмото и се надеваат на значителна промена во политиката на ЕУ кон авторитарна Русија“, објави на Twitter организаторот на иницијативата Терас.

Интересно е што токму неговата земја Естонија минатите години во неколку наврати беше критикувана од телата на ЕУ и на ОН, како и од Русија, за големиот број лица кои не можат да добијат државјанство. Во Естонија, со 1,3 милиони жители, околу 84 отсто имаат државјанство. Бројот на естонски жители кои го имаат државјанството на Руската Федерација, е повеќе до 100 илјади, а уште 90 илјади луѓе, претежно русофони, немаат никакво државјанство.

Пратениците во писмото велат и дека Борел „самоиницијативно“ решил да замине во Москва, „игнорирајќи ги злосторствата коишто режимот на Путин ги сторил против политичките противници“. Тврдат и дека Борел во текот на посетата „не ги бранел европските интереси“.

„Наместо силно да го осуди апсењето на Алексеј Навални и да го посети во затворот, Борел погрешно изјави дека не се зборува за санкции на ЕУ поради затворањето на Навални. Таа изјава е неточна, бидејќи неколку земји членки од највисоко ниво повикаа да се воведат санцкии“, се наведува во писмото.

Одлуката за воведување на санкциите мора да биде донесена едногласно, на предлог на земји членки, а неколку веќе го најавија тоа. Шефот на дипломатијата на ЕУ не може ништо да предлага, може само да даде препорака, што и го стори со својот извештај ден по враќањето од посетата на Москва.

Борел во вторникот попладнето на пленарната седница на Европскиот парламент ќе ги изложи оцените за својата посета на Русија и ќе има можност да се брани од обвинувањата за кои се смета дека сигурно ќе следат.

Европската комисија во неговата одбрана во понеделникот наведе дека „Патувањето беше неопходно. Не се откажува патувањето затоа што тоа изгледа тешко“, изјави портпаролот на ЕК, Еригк Мамер во Брисел.

На Борел во Брисел му се забележува дека не реагирал на заедничката прес-конференција со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров кога овој ЕУ ја нарекол „неверодостоен партнер“, затоа што во Москва ги критикувал САД поради санкциите против Куба и пропуштил да го спомене наводнато руско учество во војната во Украина. Како врв на понижувањето се споменува и тоа дека во текот на разговорите со Лавров дознал за протерувањето на тројца дипломати од земјите членки на ЕУ и тоа преку социјалните мрежи, кои Москва ги протера за „мешање во руските внатрешни работи и надминување на прописите на дипломатската служба“ со изјавите за случајот Навални и отворено поддржување на протестите за негово ослободување.

Борел изјави во неделата вечерта ден по враќањето од Москва, дека е многу загрижен поради одбивањето на руските власти да воспостават „поконструктивен“ дијалог со Унијата и ги повика европските челници да преземат, „натамошни чекори“, вклучително и можно наметнување нови санкции, на што официјална Москва изрази изненаденост и истакна дека тоа е во спротивност со она што шефот на дипломатијата на ЕУ го зборуввал во текот на својата посета.