
Делегација на Европскиот парламент во изминативе три години водела тајни разговори со Северна Кореја за да ја убеди да се откаже од нуклеарната програма, изјави британскиот пратеник Нирџ Дева.
Тој по пленарна седница на парламентот рекол на медиумите дека тајно се состанувале со севернокорејски претставници 14 пати.
Според него, во текот на состаноците одржани во Брисел европските пратенци постојано повторувале дека „дијалогот без предуслави“ е единствен начин за постигнување договор. Дева додаде дека по најавата за средба меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг Ун било решено да се обелоденат овие тајни разговори.
-Многу работев во тишина со своите колеги. Дури сега ги откривам нашите напори пред пошироката публика, во светло на предложените преговори- рекол Дева.