![џамбаски](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/11/ambaski.jpg?resize=687%2C332&ssl=1)
Како што објавија дел од бугарските медиуми, на социјалните мрежи таму се појавило видео на кое се гледа како европратеникот Ангел Џамбаски, фрла петарди кон демонстрантите пред седиштето на партијата, а ги полева и со вода од црево.
За потсетување, пред неколку дена имало тензии, откако демонстрантите, кои со месеци бараа оставка од премиерот Бојко Борисов и главниот обвинител Иван Гешев, решија да одат во седиштето на ВМРО во центарот на Софија.
По петардите и полевањето со црево и вода од прозорецот на горниот кат, каде што е сместена партијата, вратата била искршена. Според информациите, полицијата која пристигнала на местото привела две лица, пишува Клубз.бг.
Инаку европратеникот Џамбаски е најжесток критичар на Македонија во Европскиот Парламент.