Две македонски компании добија европска награда за квалитет што ја доделува Global Trade Leader’s Club во Париз.
За квалитет во гастрономија, ресторанство и хотелиерство наградата ја доби „Хацат“, а за квалитет во градежништвото компанијата „Адора инженеринг“.
Компанијата „Хацат“ работи од 2001 година. Основна дејност и е производство, дистрибуција на оброци и кетеринг сервис. Дневно произведува и испорачува околу 4.800 оброци (доручеци, ручеци и вечери) за потребите на Клинички Центар – Скопје. Снабдува и дистрибуира оброци и за неколку градежни компании. Има имплементирано ХАЦЦП систем и ИСО90001. Вработува 74 лица.
Адора Инженеринг е специјализирана за изградба и проектирање на луксузно станбено – комерцијално и резиденцијални згради. Од страна на SGS е Меѓународно сертифицирана градежна компанија за квалитет ИСО 90001 : 2008 со јасно дефинирана политика за квалитет и ИСО 14001: 2004 за заштита на животната средина.
Наградата на компаниите им беше доделена од страна на генералниот секретар на Global Trade Leader’s Club, Рикардо Росо Лопез.