Европската недела на имунизација секоја година традиционално се одбележува од 24ти до 30ти април, 2022 година. Оваа година се истакнуват историските постигнувања на вакцинацијата, вклучувајќи го и напредокот кон глобалната ерадикација на полиото и регионалната елиминација на малите сипаници и рубеолата, како и потенцијалите за уште поголеми достигнувања, како на пример ставањето под контрола на Хепатит Б и елиминацијата на ракот на грлото на матката. Спасените стотици илјади животи преку вакцинацијата против ковид-19 – и тоа само во европскиот регион на СЗО.
-Нема сомневање дека имунизацијата придонесува за здраво население. Додека работевме на заштита на нашето население од ковид-19, опфатот со редовните вакцини падна под оптималното ниво. Нашата тенденција е да го постигнеме препорачаниот опфат од 95 проценти, за таа цел во соработка со здравствените домови почнуваме со засилена теренска работа за повикување на пропуштените деца за вакцинација“, изјави д-р Беким Сали, министер за здравство и додаде дека до денес, 46,5 отсто од граѓаните на Северна Македонија имаат примено две дози вакцини против ковид-19, а само 8,4 отсто имаат примено и трета доза.
„Европската недела на имунизација, годинава, се одбележува под мотото „Долг живот за сите”, има за цел да истакне колку е важен правичниот и поширок пристап до вакцини, со што ќе се придонесе кон долг и здрав живот за секого, изјави д-р Ане Јохансен, специјална претставничка на СЗО и в.д. шефица на Канцеларијата на СЗО во Скопје, додавајќи дека за заштита на децата и спречување епидемии, од суштинска важност е да му се обезбеди на секое дете, кое испуштило некоја предвидена вакцинација лесен пристап до истата за да може да ги прими потребните дози.„Апелираме до родителите и негувателите: Обезбедете им ја на вашите деца заштитата што ви ја обезбедиле вашите родители во минатото, изјави Патриција ДиЏовани, претставничка на УНИЦЕФ.