Тркалезна маса на тема „Важноста и учеството на граѓанските организации во креирањето на политики на национално ниво” ќе се одржи денеска во организација на Македонското здружение за заштита при работа.
Со овој настан започнува одбележувањето на Европската недела за безбедноста и здравјето при работа.
На тркалезната маса ќе се дебатира за влијанието, важноста и учеството на граѓанските организации во креирањето на политики на национално ниво.
Дополнително на настанот ќе биде презентирана „Студија за имплементација на безбедност и здравје при работа во Македонија”, изработена од проф. д-р Александар Гроздановски, како и промоција и најава на кампањата „Безбедноста на прво место”.