Eвропската автомобилска индустрија пред уништувањe поради кинеското производство

Времињата се предизвик за европската автомобилска индустрија, а некои очигледно се подготвени да одат уште подалеку и да ги прогласат за катастрофални. Кога таквите проценки ќе ги изнесе угледниот германски автомобилски аналитичар, Фердинанд Дуденхофер, тогаш треба да се размислува понатаму.

– Се повеќе се збогуваме со автомобилската индустрија во Европа – објасни Фердинанд Дуденхофер за австрискиот Ö1 Mittagsjournal.

Италијанската влада во моментов се обидува да привлече што е можно повеќе кинески производители на автомобили. Партнерствата со Кина во секторот е-автомобили, како што е Италија со Донгфенг, би можеле да успеат, вели експертот, бидејќи Кинезите многу подобро ги разбираат електричните автомобили од европските производители.

Со големото производство и евтините батерии ги имаат сите предуслови за поевтини автомобили, смета тој.

– Европа го преспа клучното време во оваа трка. Патот на италијанската влада е добредојден, смета аналитичарот и најавува дека електричните автомобили се иднината. „Ни треба зголемување, ни требаат субвенции за се“, објаснува економистот и бара и јавни пари за да можат кинеските производители да произведуваат овде.

Сепак, додава, високите царини на Европската унија за кинеските возила како заштита за европските производители е погрешна пресметка.